Овој декември | Најголемата конјункција (спој) на Јупитер и Сатурн од средниот век | Видео

688

Последната таква голема спојка на двете најголеми планети во Сончевиот систем се случила во 1623 година.

Големиот спој на Јупитер и Сатурн ќе се случи на 21 декември 2020 година. Овој спој не е голем само затоа што станува збор за два гасовити гиганти, туку и затоа што не се случува толку често како кај некои други планети, пишува на сајтот Space.com, а го пренесува порталот Вселена. Овој феномен се нарекува и „Божиќна ѕвезда“ или „Божиќен бакнеж“.

Овие две планети се следат едни со други на небото веќе неколку месеци, поточно, се чини дека, помалку светло, Сатурн го следи и се приближува до Јупитер. Јупитер е многу посветол од Сатурн и наскоро ќе биде толку близу што ќе се види во истото видно поле на двогледи, па дури и телескопи.

Последната голема конјункција на Јупитер и Сатурн

Последната ваква голема конјункција на двете најголеми планети на Сончевиот систем се случила во 1623 година, поточно на 17 јули 1623 година (според Стелариум), додека двете планети биле во соѕвездието Рак. Тогаш можле да се видат во истото видно поле на Галилеовиот телескоп. Планетите биле видливи ниско на небото по зајдисонцето, па сончевата светлина веројатно делумно го попречувала набудувањето. Слично ќе биде и оваа година, но ќе имаме една минута повеќе за гледање.

Привидно растојание на Јупитер и Сатурн

На 21 декември, привидното растојание помеѓу двете планети ќе биде 6,1 arc min.

Планетите на 1 декември боле оддалечени 2,2 степени , додека на 15 декември, тоа растојание било само 0,7 степени. После тоа, тоа растојание ќе се намалува за 0,1 степен секоја вечер, до 21 декември.

Следната ваква голема конјункција на Јупитер и Сатурн ќе се случи на 15 март 2080 година.

Каде се наоѓаат Јупитер и Сатурн

Во моментов, планетите се наоѓаат во соѕвездието Стрелец, но конјункцијата ќе се случи во соѕвездието Јарец, на самата граница со соѕвездието Стрелец. Нивната големина ќе биде: Јупитер -1.97; Сатурн 0,63. Јупитер ќе биде од нас 5,925 AJ, а Сатурн 10,826 AJ.

1AJ = 149 600 000 км (просечно растојание Земја – Сонце).

Оваа средба ќе доминира на југозападното небо на 21 декември толку многу што ќе биде невозможно да не се препознаат на прв поглед.

Колку често се случува конјункцијата на Јупитер и Сатурн

Сиреричен период е времето за кое некое небесно тело во Сончевиот систем завршува една револуција во однос на некоја aвезда забележана од Земјата. Периодот на Сатурн е 29,56. години, додека на Јупитер е 11,86. Кога ќе ги помножиме овие два броја, добиваме 351,56. Поделувајќи ја оваа вредност со разликата во страничните периоди на двете планети, добиваме 19,76 години. Значи, конјункцијата на овие две планети се случува еднаш, приближно, во 20 години.

Со други зборови, на Јупитер му требаат 20 години да го помине Сатурн повторно, гледано од Земјата.

Големите конјункции на Јупитер и Сатурн кога растојанието на небесната сфера била помало од 0,2 степени, се случиле или ќе се случат во 1623, 1683, 2020, 2080, 2417 и 2477 година.

Дали Јупитер некогаш поминува точно пред Сатурн?

Кога Јупитер делумно го засолнува дискот на Сатурн, тоа се нарекува транзит, но кога Јупитер целосно го покрива Сатурн, е тоа е окултација. За еден наш животен век, овие транзити или окултации се исклучително ретки и нема да се случат во следните неколку илјади години. Првиот следен транзит ќе се случи на 16 февруари 7541 година.

Како да ја гледате оваа појава?

Ако имате среќа небото на 21 декември да биде ведро над вашата локација, ќе можете да ја видите конјукцијата на Јупитер и Сатурн со голо око, двоглед и телескоп. Планетите се сјани и нема да биде проблем да се видат ниско над југозападниот хоризонт по зајдисонцето.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.