Швеѓаните во акција | „Ако нивните научници успеат, нема да ни треба игла за да се бориме со корoната“

675
Ingemo Andersson со инхалаторот за вакцина на Iconovo

Оваа вакцина користи протеини од вирусот Ковид-19 за разлика од Pfizer, Modern и Astra Zeneca.

Единствената заштита од Ковид во ова време доаѓа преку вакцинација. Но, во иднина тие вакцини може да доаѓаат од инхалатори или таблети, пишува BBC.

Хемичарката Ingemo Anderson и нејзиниот тим дизајнирале инхалатор за вакцина против коронавирус – тенок пластичен инхалатор со големина од половина кутија кибрит за кој нејзиниот тим се надева дека може да игра голема улога во глобалната борба против коронавирусот, овозможувајќи им на луѓето да земаат верзии на идните вакцини дома.

„Лесно и ефтино е да се произведе“, вели Johan Waborg, извршен директор на компанијата која претежно произведува инхалатори за пациенти со астма.

„Само отстранете го малиот пластичен лист, потоа се активира инхалаторот за вакцина и ставете го во устата па земете длабок здив“, објасни Waborg.

Вакцина дома

Iconovo соработува со иницијаторот за имунолошко истражување во Стокхолм, ISR, која разви вакцина со сув прав против Ковид-19. Оваа вакцина користи произведени протеини од вирусот Ковид-19 (за разлика од Pfizer, Modern и Astra Zeneca кои користат RNA или DNA што ги кодира овие протеини) и може да толерира температури до 40°С.

И ова е токму главната разлика во условите за чување потребни за складирање на моментално достапните вакцини против коронавирус одобрени од Светската здравствена организација (WHO), кои се сите во течна форма и мора да се чуваат на ниски температури, во спротивно ќе ја изгубат ефикасноста.

„Промената е во тоа што можете многу лесно да ја дистрибуирате вакцината во прав без фрижидер, а можете да ја примените без присуство на здравствени работници“, вели основачот на ISR и професор по имунологија, Ola Winquist.

Вакцината досега е тестирана само на глувци, но постои оптимизам во медицинската заедница дека ова решение може многу да помогне во глобалната борба против коронавирусот.

„Ова ќе создаде можности за вакцинација во тешко достапните области и може да ја запре потребата луѓето да носат кутии за ладење на камили или велосипеди“, коментира Stefan Swartling Peterson, поранешен шеф за глобално здравје во УНИЦЕФ.