Google Translate | 10 причини зошто не може да се споредува со учењето странски јазици

786

Опаѓа интересот за учење на модерните јазици на британските универзитети. Може ли сервисот на Гугл за преводи да ја пополни оваа празнина?

Бројот на британски универзитети кои нудат специјалистички курсеви за модерните јазици брзо опаѓа. Можно ли е овој нагол пад делумно да е резултат на порастот на слободните програми, како што е Гугл транслејт? И после се, зошто да трошите неколку години од вашиот живот усовршувајќи ја секоја нијанса во последниот разговор кој го водите на друг јазик, кога можете набрзина да напишете „Може ли да добијам чипс?“ директно во телефонот и на екранот веднаш ќе се појави „Posso ter um poucho chips?“, свртен кон лицето на разочараниот португалски келнер.

Очигледно ова е погрешен начин. Гугл транслејт никогаш нема да биде замена за учење на странски јазик, а еве зошто:

  • Гугл транслејт е добар само кога постои интернет врска. Без сериозно учење на јазик, се што можете да му кажете на Французин кога не сте на линија е она што сте го запомниле од училиште. Во мојот случај тоа е „банка“, „базен“, „Здраво, се викам Стјуарт и имам 11 години“.

– Ако Гугл транслејт го користиме за превод на англиската верзија на песната „Девојката од Ипанема“ (оригинално, на португалски јазик е Garota de Ipanema), Френк Синатра би требало да потпевнува „Девојка во златно тело, сонце од Ипанема, тоа нишање е повеќе од поема“, што не е баш точно.

  • Ако секој се потпира на Гугл транслејт, патувањата за студентска размена ќе станат минато. Ќе го промашите она 14-годишно момче со густа брада со кое заедно вртите цигара во круг, како крвнички гледа кон вас од масата во кујната.

– „Шеесет и два“ преведено на филипински јазик на Гугл транслејт се појавува како бројка „62“. Јасно е дека ова никому нема да му користи.

Продолжува на страна 2