- Самитите во Обединетите Нации ќе се забават до недоглед затоа што преведувачите ќе треба да го впишат секој кажан збор на интернет за да сфатат што се случува. Морничавата тишина која ќе се создаде помеѓу делегатите сосема сигурно ќе создаде целосна војна по која планетата ќе исчезне.
– Иако Гугл транслејт може да ве научи да пцуете на странски јазик, само локален говорник може да ви ја покаже точната интонација и вистинската агресивна гестикулација со раката како поддршка на кажаното.
- Иако со текот на годините овој сервис се подобрува, се уште не постои вистинска гаранција за неговата точност. Се уште лебди загриженоста дека ако во текот на летен одмор одите на лекар со натечено грло и го користите Гугл транслејт да ги преведе вашите симптоми, тоа може да заврши со ампутација на вашите нозе.
– Кој ќе ја претстаува Евровизија ако сите користат Гугл транслејт? Робот? Тоа ќе биде лудост.
- Француската фраза „Se taper le cul par terre“ значи силно да се смеете („Паднав на земја од смеење“). Според Гугл транслејт, тоа сепак значи „Паѓање на задник на под“. Буквално нема крај на катастрофалните последици кои можат да произлезат од ова недоразбирање.
– Со учењето на странски јазик себеси си гарантирате доживотно да бидете способен да ги одминете отстапките во Каменот од Розета во шопинг центрите, без да се чувствувате како грозна дамка од жила во каменот од истрошен потенцијал, како што вообичаено јас се чувствувам.
Гардијан – Лондон
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















