Карактеристики поврзани со аутизмот

245

Иако секое лице со аутизам е единствено, сепак во дијагностицирањето на аутизмот некои карактеристики се сметаат за особено важни.

Тие карактеристики се поделени во четири основни категории:

  • Карактеристики на комуницирање
  • Карактеристики на социјална интеракција
  • Карактеристики на необично однесување
  • Карактеристики на учење

Останати карактеристики на однесување и учење на учениците со аутизам можат да категоризираат како:

  • Необични облици на внимание
  • Необични реакции на сензорни дразби
  • Анксиозност

КОМУНИКАЦИЈА

И покрај тоа што помеѓу поединци постојат значителни разлики во нивната говорна способност, кај сите лица со аутизам присутни се говорните потешкотии и потешкотии во комуникацијата. Некои поединци не се изразуваат со зборови, додека други можат да имаат богат речник со недостатоци на полето на прагматика (социјална употреба на говорот).

Лицата со аутизам можат да изгледаат како лица кои се заробени во сопствен свет во кој комуникацијата не е особено важна. При тоа не се работи за намерно однесување, туку за неспособност за комуницирање.

Постојните потешкотии во говорот можат да опфатат:

  • Непримерни изрази на лицето
  • Невообичаена употреба на гестови
  • Недостаток на воспоставување контакт со очите
  • Необична положба на телото
  • Недостаток на взаемно или заедничко фокусирање на вниманието
  • Заостанување во вештините на експресивен говор или недостаток на таа вештина
  • Значителни разлики во усниот говор кај оние чиј говор е развиен
  • Необично искажување или интонација
  • Побрзо или побавно темпо од нормалното
  • Необичен ритам или нагласок
  • Репетитивен и идиосинкратичен облик на говор
  • Ехолаличен говор, непосредно или дополнително буквално повторување на говорот на другите
  • Говорот изгледа бесмислен, но може да укажува на обид за воспоставување на комуникација
  • Може да користи за комуникативни или когнитивни потреби на ученикот
  • Ограничен речник
  • Преовладуваат именките
  • Често ограничен речник во однос на потребите или недоволен во смисол на прилагодување на некои физички средини
  • Ограничен говор во социјални функции
  • Повторување на темата, односно непрекинато разговарање за иста тема, со присутни потешкотии при промена на темата
  • Потешкотии кои се однесуваат на систематичност во разговорот
  • Проблеми во иницирање на комуникација
  • Потешкотии во примена на непишаните правила
  • Неспособност за одржување конверзација на одредена тема
  • Непримерно влегување во збор
  • Нефлексибилност во однос на стилот на разговор, стереотипен начин на говор

Лицата со аутизам често пати имаат потешкотии во врска со разбирањето на усните информации, следење на долгите усни упатства и меморирање на истите. Во поглед на контекстот, разбирањето на говорот може да биде специфично. Степенот на потешкотии е различен кај секој поединец, но дури и кај оние кај кои интелегенцијата е просечна, можат да имаат потешкотии во разбирањето на усните упатства.

Продолжува на страна 2