Карактеристики поврзани со аутизмот

2025

ОБРАЗОВНИ ИМПЛИКАЦИИ

Ефективни програми за учениците со аутизам и останатите развојно – первазивни нарушувања опфаќаат процена од логопед и неформална одделенска опсервација и евалуација. Процената служи како основа за утврдување на целите, задачите и стратегиите со чија помош ќе се развива рецептивниот говор и вештините на изразување, особено на прагматичните. Образованието мора да го нагласува покажувањето на внимание, имитирање, разбирање и користење на говорот при делување и во социјална интеракција. Целите на комуникацијата би требало да ги истакнуваат функционалната употреба на говорот и комуникацијата во различни рамки на делување.

СОЦИЈАЛНА ИНТЕРАКЦИЈА

Учениците со аутизам покажуваат квалитативни разлики во социјалната интеракција со што често имаат потешкотии во воспоставување на односи со другите. Нивните социјални интеракции можат да бидат ограничени во однос на начинот на интеракција со други лица. Присутни потешкотии во врска со социјалното комуницирање не би требало да се земе недостатокот на интерес или отпор кон интеракција со другите; тој недостаток на делотворна комуникација може да биде последица од нивната неспособност за обработување на социјалните информации од социјалната интеракција и употребата на соодветни вештини на комуницирање поради реакција.

Разбирањето на социјалните ситуации во правило бара процесуирање на говорот и невербалната комуникација, а тоа кај лицата со аутизам се често дефицитарни подрачја. Тие не ги забележуваат социјалните знаци, па можат да испуштат важни информации. При прилагодувањето на социјалната интеракција лицата со аутизам по правило користат несоодветни невербални однесувања и гестови, па можат да имаат потешкотии во разбирањето на невербалното однесување кај другите лица.

Лицата со аутизам често имаат потешкотии во секоја интеракција која бара познавање на другите лица и познавање на она што тие лица го мислат или познаваат.

Поставени се теории според кои лицата со аутизам на тоа подрачје имаат социјален когнитивен дефицит.Лицата со аутизам не се во состојба да ги разберат ставовите на другите, па дури ниту да согледаат дека другите луѓе можат да имаат различни ставови од нивните. Исто така, можат да имаат потешкотии во разбирањето на сопствените, а посебно во разбирањето на туѓите – верување, намери, сознанија и согледувања. Учениците со аутизам често имаат проблеми во разбирањето на врската помеѓу менталните состојби и однесувањата. На пр: децата со аутизам можат да бидат неспособни во забележување тага кај друго дете, дури ни кога тоа плаче, бидејќи тие самите не се чувствуваат тажно.

Наставниците можат подобро да го разберат мислењето и однесувањето на своите ученици со аутизам ако согледаат дека тие ученици се неспособни да го разберат фактот како другите луѓе имаа свои сопствени согледувања и ставови. Овие потешкотии учениците со аутизам ги искажуваат на различни видливи начини. Некои можат да тежнеат на игра со играчки и предмети на невообичаени и стереотипни начини.Некои можат да се впуштат во претерано или непримерно гласно смеење. Во нивната игра често недостасува карактеристичната досетливост во друштвените игри. Некои деца со аутизам можат да си играат во близина на други деца, но не учествуваат во играта или не чекаат на ред, додека некои деца со аутизам можат во потполност да се повлечат од социјалната ситуација.

Квалитетот и квантитетот на социјалната ситуација се јавува во континуитет.Социјалната интеракција може да се подели на три подвида:

Издвоена – оние кои не искажуваат никаков видлив интерес или важност за интеракција со други лица, со исклучок на оние лица кои им се потребни за задоволување на нивните основни потреби; можат да се вознемират кога се во непосредна близина на други лица, па можат да го одбегнуваат непосакуваниот физички или социјален контакт

Пасивна – оние кои не иницираат социјални приближувања, но прифаќаат иницијативи од други лица

Активна, но ексцентрична – оние кои ќе пристапа на социјална интеракција, но тоа ќе го направат на невообичаен, често непримерен начин.

Продолжува на страна 3