НЕОБИЧНО ОДНЕСУВАЊЕ
Лицата со аутизам често покажуваат необично и карактеристично однесување кое вклучува:
- Ограничено подрачје на интерес и зафатеност со некоја специфична интересна состојба или предмет
- Нефлексибилен редослед на нефукционална рутина
- Стереотипни и репетитивни моторички манири (ударање со рака, нишање, вртење, одење на ножни прсти, тропање по предмети)
- Преокупација со делови на одредени предмети
- Воодушевени од движења, како што се вртење на завртката или вртење на тркалото кај некои играчки
- Инсистирање на постојаност и отпор кон промени
- Необични реакции на сензорни дразби
НЕОБИЧНИ ОБЛИЦИ НА ВНИМАНИЕ
Лицата со аутизам покажуваат и необични облици на внимание. Учениците можат да имаат низа на потешкотии на ова подрачје. Тие потешкотии имаат значителни импликации во поглед на делотворно комуницирање, социјалниот развој и постигнувањата кои се однесуваат на образованието.
Учениците со аутизам често имаат потешкотии при насочување на вниманието на релевантни упатства или информации во нивната околина, па за да го согледаат она што е важно, вниманието можат да го насочат само на ограничен дел од околината. На пр. Ученикот може да ја види топката, но не и личноста на која треба топката да се подаде или, детето може да забележи неважни детали како спајалица на агол од хартијата, но не и информацијата за хартијата.
Ова се означува како стимул над селективноста. Друга карактеристика на аутизмот е оштетување на способноста за насочување внимание на два предмети или две лица, што се означува како здружено внимание. Учениците исто така можат да имаат потешкотија во ослободување или пренасочување на вниманието од една дразба на друга, што може да придонесе за карактерна ригидност и отпор кон промени. Исто така , можат да покажат краткотрајно задржување на вниманието.
Автор Иле Михајловски
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување


















