Во синџирот на ресторани на познатиот британски готвач Џејми Оливер, воведена е принудна администрација, со што се загрозуваат повеќе од 1.000 работни места на 25 дестинации ширум Велика Британија, според соопштението на компанијата.
Ревизорското претпријатие КПМГ е назначено за принуден менаџер во рестораните на компанијата во Велика Британија, додека франшизата и брендот Фитин Корнвол нема да бидат засегнати, се наведува во соопштението на “Џејми Оливер Груп”.
“Длабоко сум огорчен од овој исход и би сакал да им се заблагодарам на сите вработени и на нашите добавувачи кои ги вложија своите срца и души во овој бизнис повеќе од десет години”, вели Оливер во соопштението.
Во 2008 година, Оливер основал бренд на елитни ресторани на италијанската кујна “Џејми Италија”. Групата од неговите ресторани го вклучува скара барот “Барбекју” како и ресторанот “Џејми Оливер’с Динер”.
Оливер е познат по своите книги и телевизиски емисии “Гол кувар”, кои беа емитувани во десетици земји, како дел од неговата кампања за поздрави училишни оброци.
Неговиот ресторански синџир е најновата жртва на суровата трговска средина во најпрометните градови ширум Велика Британија.



















