Мислевте дека карциномот е наследен или сте имале лоша среќа?

2129

Новите истражувања покажуваат дека ракот може да се спречи ако обрнете внимание на две работи.

Дури четири од десет случаеви заболени од рак можат да се спречат ако луѓето го сменат својот животен стил и да го намалат внесот на алкохол, да внимаваат на тежината, да се откажат од пушењето и да се заштитат себе си од сонцето, се вели во новото истражување, пишува Гардијан.

Податоците од истражувањето на британскиот Центар за рак (CRUK) покажуваат дека 2.500 случаеви заболени од рак неделно можат да се избегнат и се наведува дека чадот од тутунот е водечкиот фактор во развојот на болеста, која е одговорна за повеќе од 15 проценти од сите болести.

“Кога станува збор за болестите поврзани со пушењето, повеќето од половина паѓа на ракот на белите дробови, но тука се и останатите болести поврзани со консумирање на тутунот, како што се ракот на мочниот меур, хранопроводот и цревата”, вели д- Katrin Brown, автор на студијата.

И додека бројот на пушачи во Велика Британија, секоја година се намалува за околу еден процент, научниците се загрижени за дебелината, постојаното проширување на половината кај поголемиот дел од населението, која е втора најчеста (6,3 отсто) причина за рак кој исто така може да се спречи.

Тимот на научници се надева дека владата ќе научи нешто од успешните мерки за намалување на пушењето, како што се забрана за рекламирање на тутунските производи, посебни даноци и пакувања на цигарите со слики од заболените, особено предлагаат забрана за рекламирање на брза храна пред 21 часот и ги повикуваат производителите да најдат нови рецепти кои содржат помалку соли, шеќери и други состојки кои здебелуваат.

Продолжува на страна 2