Синот праша: Тато, што е тоа политика? Таткото одговори, но детето со јак заклучокот

274

Синот си го праша татка си што е тоа политика, на што таткото одговорил:

“Еве, сега убаво ќе ти објаснам. Јас работам и за таа работа добивам пари и ме сметаат за капиталист. Мајка ти ги планира, ги распределува и ги троши парите, исто како некоја Влада. Дедо ти секогаш се грижи да биде по пропис, исто како што се залага било кој синдикат, додека нашата слугинка е работничка класа. Ти го преставуваш народот затоа што се грижиме за тебе да ти биде убаво, а сите ние сме насочени на твојот брат кој е нашата иднина.“

“Дали разбра сега што е политика“? 

“Да, но остави ме малку да размислам па ќе ти кажам утре.“

Така тој заминал на спиење. Доцна во ноќта неговиот брат почнал да плаче. Целиот бил во какушки. Не знаел точно што треба да прави па отишол до родителската спална да ја инфомира мајка му. Ја затекнал во кревет сама во толку цврст сон што воопшто не го ни чула бебето како плаче. Потоа отишол до собата на слугинката, но таму татко му имал “други работни обврски“, додека дедото седел на тераса и гледал некаде бесцелно.

Следниот ден таткото праша: “Значи, сега научивме ли што е политика?

Синот рече “ДА“!

“Еве вака. ПОЛИТИКАТА е ситуација во која КАПИТАЛИЗМОТ (таткото) ја искористува РАБОТНИЧКАТА КЛАСА (слугинката), и додека се јавуваат проблеми ВЛАДАТА (мајката) спие, СИНДИКАТОТ (дедото) набљудува и ништо не презема, на НАРОДОТ никој не обрнува внимание, а ИДНИНАТА (братот) е во лајна до гуша. Ете тоа е ПОЛИТИКА!