Стогодишници откриваат тајни на долговечноста | Конзумирање сладолед, пиво и виски е пожелно, но едно нешто е поважно …

2221

Науката вели дека начинот на исхраната, вежбањето, но и гените, одредуваат колку долго ќе живеете. Но, оние кои издувале на торта сто свеќички тврдат дека треба во текот на животот да користат и други стратегии.

Еве неколку совети за долговечноста од 11 стогодишници низ целиот свет – некои се во согласност со правилата, некои се урнебесно смешни, а некои сосема бизарни.

  1. Агнес Фентон (110 години)

Агнес Фентон од Њу Џерси тврди дека нејзината долговечност ја должи на испивањето три шишиња пиво и една чаша виски секој ден. Неодамна за АБЦ кажала дека тоа трае веќе 70 години, кога нејзиниот лекар ја советувал секој ден да пие високо карбонизирано пиво откако ѝ пронашле бениген тумор. Овие инструкции од доктор Фентон ги следела со години, а со текот на времето на “терапијата” додаде и чаша Џони Вокер, и тоа траело сѐ додека нејзините старатели не ѝ го одземале алкохолот поради слаб апетит.

  1. Гертруда Вивер (починала на 116 година)

Гертруда Вивер од Арканзас била една од последните преживеани луѓе родени во 1800-тата година, пред да умре во април оваа година. Таа живеела долго време бидејќи кон секого била љубезна.

– Однесувајте се кон луѓето правилно и бидете љубезни кон нив, исто како што сакате од нив тие да бидат кон вас – изјави за TIME во 2014 година. Таа рече дека немала хронични заболувања, како и дека никогаш не пиела ниту пушела, а спиела многу.

  1. Џеси Галан (починала во 109 година)

Џеси Галан од Шкотска го поминала својот живот хранејќи се со овесна каша, но никогаш не живеела со маж. Во нејзините 109 години, оваа независна жена никогаш не се омажила. Во јануари 2015 година, непосредно пред 109-тиот роденден, а само три месеци пред да почине, Галан истакнала дека сигурно долго живеела, бидејќи немала многу работа со мажи.

– Тие носат многу повеќе проблеми отколку што вредат – изјави тогаш за Daily Mail. Наместо тоа, животот го поминувала занимавајќи се со вежбање, била во окружувањето со драги луѓе и работела многу тешко, и тоа од своите 13 години.

Продолжува на страна 2