Карен и Брајан Волман биле воодушевени кога дознале дека по трет пат ќе станат родители, но набргу потоа започнале големи проблеми.
Поточно, тие прво дознале дека нивното неродено дете има Даунов синдром, а подоцна било откриено дека страда од ретка болест која предизвикува отоци на телото од течноста.
Иако лекарите им рекле дека детето, најверојатно, ќе биде мртвородено, тие не ја изгубиле надежта, а Карен секој ден на детето кое го нарекле Ренер му ја пеела песната “This Little Light Of Mine”.
И тогаш се случило првото чудо. Детето и понатаму дишело кога е родено со царски рез во 35-тата недела, дишело со помош на кислород, а лекарите ги прашале родителите дали имаат некакви последни желби со оглед на тоа дека детето нема да преживее повеќе од неколку дена.
Желбата на мајката била да донесе лулка во болницата за нејзиното дете да може да го понишка за прв пат, а веројатно и последен пат.
И тогаш се случило нешто навистина неверојатно.
Погледнете го ова прекрасно видео.



















