Село со “вампири” | Лицето им се распаѓа ако излезат на сонце … Видео

569

Дури 75 отсто од луѓето во бразилското село Арарас има ретко генетско пореметување поради кое не смеат да излезат на сонце, бидејќи тоа буквално им ја гори кожата, па поради тоа по цел ден се скриени.

Во бразилската држава Сао Паоло е селото Арарас кое стана познато по своите жители, по луѓето кои поради екстремно ретко генетско пореметување се наречени и вампири. Од вкупно 800 жители, дури 600 се со тешки симптоми на болеста наречена Xeroderma Pigmentosum.

Жител на селото Ѓижалма Жарден раскажува за Daily Mail дека поради болеста го изгубил едното око, а другото не може да го затвори. Поради болеста затворен е во куќата во текот на целото летото.

– Штом излеземе, веднаш чувствуваме како сонцето кожата ја пече. Ова е ужасна болест – рече Жарден.

Кожата на болните исклучително е чувствителна на сончева светлина, нема можност да се регенерира по оштетувањето, па дури и краткото изложување на сонце може да предизвика смртоносен рак на кожата.

Сопственик на една локална продавница Глеише Машаду, откри дека на многумина не им е позната причината за оваа болест, а се шират предрасуди дека сексуално е пренослива, додека неуките веруваат во Божјата казна.

Од Xeroderma pigmentosum во светот болуваат околу 10.000 луѓе, а се работи за наследна генетска мутација, објаснува биологот д-р Карлус Менки кој ја изучува. Научниците веруваат дека причината за големиот број пациенти во селото е дека повеќето од нив доаѓаат од три семејства на португалски освојувачи кои таму се населиле во 16 век.

Погледнете го видеото:

Во Арарас има голема концентрација на луѓе со лош ген кои сѐ уште генетски се мешаат, т.е. во брак стапуваат роднини, браќа, сестри, братучеди и имаат деца со ист геном и тој станува доминантен – објаснува дерматологот Суламита Шаибуби.

Тој додаде дека оваа болест нема лек и најдобро е целосно да се избегнува сонцето.