Циркулира “фотографијата на Сатурн снимена од Hubble” | Но, да беше така, одамна ќе бевме мртви

1511

НАСА објави приказ на поларна светлина од „венчаната“ планета, но кога ваква сцена би снимил Hubble, тогаш не би се вознемирувале од падот на стандардот или војната во Украина, а најмалку поради глобалното затоплување.

На социјалните мрежи се прошири спектакуларна фотографија на која наводно се гледа Сатурн снимен од вселенскиот телескоп Hubble. Единствениот мал проблем е што, доколку тој опис е точен, глобалното затоплување воопшто нема да биде проблем на Земјата. Ниту војната во Украина, ниту ништо друго, ако се земе предвид дека заедно со сите други животи на Земјата, одамна ќе бевме мртви. Погледнете ја сликата подолу и ако не можете да сфатите зошто, погледнете ја позицијата на Сонцето, пишува IFLScience.

Спектакл, но ‘малку’ погрешен опис

Сликата навистина е објавена од НАСА, но дефинитивно не е направена од Hubble. Вселенскиот телескоп Hubble орбитира на 547 километри над Земјата, правејќи не помалку спектакуларни фотографии од овој поглед на Сатурн, иако генерално најдобрите сцени што ги снимил биле галаксии оддалечени милијарди светлосни години.

Постои едноставна причина зошто не е можно горната фотографија да не е направена од вселенскиот телескоп Hubble: ако Сонцето е прикажано зад Сатурн, како погоре, тоа би значело дека е направено надвор од орбитата на Сатурн. Ако Hubble ја презел, тоа ќе значи дека Hubble и Земјата се отфрлени во орбитата подалеку од гасниот џин, што би го направило снимањето на Сатурн прилично ниско на листата на приоритети, далеку под „како ќе се спасиме од сигурно замрзнување.”

Кога е објавена, јасно е опишано што прикажува

Сликата е всушност концептуална претстава на поларната светлина и над јужниот пол на Сатурн.

„Аурора е црвена поради емисијата на врел водород“, објасни НАСА во соопштението за печатот од 2005 година, кога сликата била објавена. „Аурора е овална бидејќи вжештените гасови ги следат линиите на магнетното поле кои, како стеснувачка инка, се приближуваат до магнетните полови на планетата“.

Фотографии и сложени снимки од поларната светлина на Сатурн биле направени и од вселенскиот телескоп Hubble и вселенското летало Cassini. Тие се подеднакво спектакуларни, со дополнителен бонус што гледањето на нив не значи дека сме исфрлени од нашата орбита во ледените пространства на Сончевиот систем.