Стоматолозите откриваат | Ова е најлошото време за миење заби

1329

Дали ги миете забите после секој оброк? Вие правите повеќе штета отколку добро.

Многу пати сме чуле дека забите треба да се мијат после секој оброк и многу луѓе го практикуваат тоа, но стоматолозите неодамна открија дека тоа е всушност лоша навика. „Варењето на храната започнува од устата што создава кисела средина и тоа не е најдобриот начин да ги миете забите“, откри стоматологот Џени Греко.

“Кога јадете храна што содржи шеќер, бактериите кои предизвикуваат расипување на забите почнуваат да се хранат со тој шеќер и произведуваат киселина што го ослабува емајлот. Тогаш не треба да ги миете забите затоа што можете дополнително да ги оштетите со триење”, додава нејзиниот колега и детски стоматолог Џин Лин.


Американската стоматолошка асоцијација (ADA) препорачува дека, дури и ако храната ви заглави меѓу забите, да чекате барем еден час после јадење и само тогаш да посегнете по пастата и четката за заби.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Нил Џ. Гајар, поранешен претседател на Академијата за општа стоматологија, вели дека овој временски период е доволен за телото, односно плунката, да ја неутрализира киселината во устата и да се врати во нормална pH вредност. Ако не дозволите доволно време, четкањето може да истурка голема количина бактерии во просторот помеѓу забите, што тогаш е многу тешко да се достигне со четка за заби.

Ако сакате свеж здив после јадење, стоматолозите препорачуваат забен конец, вода за пиење или употреба на гуми за џвакање без шеќер.

Ели Филипс откри дека е идеално да ги миете забите на секои 12 часа и многу е важно тоа да го правите секогаш пред спиење. „Тогаш протокот на плунка се намалува и киселината во устата се зголемува, па затоа е многу важно добро да ги измиете пред спиење“.

Биоактивна паста за заби | СИБИРСКО ЗДРАВЈЕ / SIBERIAN WELLNESS