Сексуална или романтична врска помеѓу помлад маж и постара жена веќе не е нешто необично. Многу мажи пронашле љубов, согласност и среќа со постари жени.
Во денешно време, годините веќе не се критериум кога се работи за љубовта. Порано тоа не било случај.
Постарите жени се забранети
– Овој фактор ги прави попривлечни за помладите мажи. Нашето општество е навикнато да види постар маж со помлада жена отколку обратно. Нормалната тенденција на луѓето е да го сакаат тоа што не можат да го имаат што популарно се нарекува „забрането овошје“.
Помала конкуренција
– Помладите жени имаат неколку мажи кои ги „сакаат“. Постарите жени во тоа нудат алтернатива. Исто така постојат многу слободни и атрактивни жени кои се нарекуваат „пуми“ и кои ловат помлади мажи на места како што се кафулиња или на интернет барајќи забавен живот на некој самец, а тие се најлесно освоиви.
Превземање на контрола
– Младите мажи немаат многу иксуство со жените и можеби не знаат што да очекуваат од нив. Во врската многу помага кога еден партнер ја „превзема контролата“ бидејќи има многу повеќе искуство во тие ситуации. Многу луѓе исто така се согласуваат со фактот дека сексот станува многу подобар со текот на годините и врската со постар партнер од оваа страна е голема предност бидејќи постарите жени знаат што сакаат и знаат како да го задоволат својот маж. Постарите жени исто така во главно се грижат за заштита од бременост и земање на контрацепциски пилули.
Интелигенција и доверба
– Луѓето со годините добиваат се‘ повеќе доверба. Многу мажи ги сметаат постарите жени атрактивни бидејќи се најмалку површни. Разговорот со постара жена може да биде интересен и интелектуален додека помладите жени повеќе се стремат кон тоа да бидат незрели, а понекогаш и плитки.
Привлечност и љубов
– Некои го сметаат за чудно тоа младите мажи кои се опколени со жени на нивна возраст, пронаоѓаат постара жена која повеќе ги привлекува. Тоа е поради тоа што многу постари жени се попривлечни и во нив може да се пронајде вистинска љубов. Колку мажи можат да одолеат на жени кои имаат преку 40 години како што се Ума Турман или Мими Роџерс? Многу малку
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување



















