Писмо на една мајка | Што сакам мојата ќерка да дознае на нејзиниот 30-ти роденден

3729

Да среќо, знам дека мислиш дека сум стара. И јас правев грешки во текот на годините.

Дали воопшто си ми простила за онаа ужасна роденденска торта која се обидов да ја направам за твојот осми роденден? Или за она што ти подарив маче, не знаејќи дека си алергична на мачки? Навистина ми е жал поради тоа, но попат успеав да соберам некои информации за кои мислам дека можат да ти бидат од помош.

Се надевам дека после ова нема повеќе да ме гледаш како проседа жена која уште малку ќе влезе во шестата деценија од животот, туку како на она што навистина сум: мајка која сака нејзината ќерка да не поминува низ некои тешки моменти (преку кои јас морав да поминам) . Еве кои работи би сакала да ги знам на твои години.

Ти си најважната личност во твојот живот

Да, го кажав тоа и навистина така мислам. Добар вид на самољубие те прави подобар човек, те прави посреќна и ти помага да ги следиш своите соништа, а во исто време, ти дава моќ да им подариш љубов на оние што те опкружуваат. Кај лошиот вид на самољубие, како што е нарцисоидност, луѓето немаат намера да даваат љубов на другите.

Долго време верував дека моето “помагање” на другите всушност беше мојот билет за рајот. Навистина. Се обидував да бидам што е можно повеќе добар пријател. Се погрижив да не им ги заборавам родендендените на сите. Бев рамо за плачење. Верував, ако тоа го направам, дека луѓето ќе ми се најдат при рака кога тоа навистина би ми затребало и дека тоа ќе биде мојата награда што сум толку “добра” личност. Не бев во право. Ова не значи дека не треба да им помагаш на другите, или дека другите луѓе нема да бидат со тебе кога тоа најмногу ќе ти треба, туку да се фокусираш на она што навистина го сакаш. Не можеш вистински да ги сакаш другите, ако прво не се засакаш себе. Ми требаше толку долго време тоа да го разберам и не сакам тоа тебе да ти се случи.

Никогаш не прифаќај непочитување

Без разлика дали станува збор за маж, пријателка или некој сосема трет – никогаш не си дозволувај било кој да те омаловажува. Секогаш заземи се за себе. Во колку тоа не го сториш, постои добра шанса да бидеш повредена и да зажалиш што не си дејствувала поинаку.

Треба да бидеш храбра и силна. Не, тоа не значи дека секогаш треба да “тераш” правдина, но не дозволува некој друг да ти наметнува свои ставови и да манипулира со тебе. Знам, дека доволно си зрела тоа да не го дозволиш, но имај на ум дека на овој свет не постојат само добри луѓе. Исто така, постојат и оние помалку добри кои на некој начин ќе сакаат емоционално да те повредат, дали свесно дали несвесно. Предавството е страшна работа, но запомни ги моите зборови: секогаш треба да најдеш сила и храброст во своето срце да простиш. Не заборавај, дека на тој начин уште еднаш ќе ја направиш истата грешка во иднина. Верувај ми на збор.

Твоето семејство те сака над сѐ

Мислам дека тоа, на твои години, е сосема лесно да се заборави. На крајот на краиштата, “трошење време со семејството” и не е баш идеална “Вечера за 5”, и може да изгледа како џиновска досада.

Но, вистината е дека љубовта на твоето семејството е работа на која секогаш можеш да сметаш. Мислам дека тоа веќе го знаеш. Не постои работа на овој свет поради која твоето семејство ќе те напушти. Знам, за некои работи може да биде тешко да се зборува, но сакам да знаеш дека секогаш можеш да ми се обратиш и во глуво доба на ноќта. Ако не можам да ти помогнам, барем ќе можам да те сослушам. Ќе ти биде полесно.

Биди трпелива со себе и со другите. Ќе има многу растежи и падови, но ако ти текне на ова што сум го напишала, полесно ќе најдеш свој внатрешен мир, сила и самопочит.

Те сака твојата мајка.

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Cashback World | Cashback – Враќање пари при секое купување