Ако ги јадете јагодите на овој начин, уништуваат дел од вашето тело

107

Јагодите се богати со витамини, антиоксиданси и минерали и се особено здрави кога се јадат точно кога им е сезоната.

Но, ако претерате, може да направат и штета. Поради концентрацијата на фолна и други киселини, може да ја нагризаат забната глеѓ и да предизвикаат ерозија на забите. Најлошо е што забната глеѓ не се обновува и во краен случај нивно губење.

Еве како можете да се заштитите:

Јадете паметно

Јагодите треба да се комбинираат со намирници кои не се кисели и содржат ниска концентрација на шеќери, како што се јаболка, млечни производи, банани и јатки.

Јадете ги по неколку, на поголеми временски интервали, за да може да го задржите природниот процес на обновување на забната глеѓ.

Испирајте ја устата

Но, најважно е после јадење јагоди тоа да го правите со обична вода. Значи, не пијте сокови, особено не газирани, ниту пак свежо цедени. Пред да се напиете вода, убаво измијте ја устата.

Не користете паста за заби

Пастите за заби содржат абразивни состојки. Ако се измешаат со остатоците од јагодите, може дополнително да ги оштетат забите, наместо да ги исчистат и заштитат од нагризување.