Вијаграта помага при раст на бебето во матката

537

Бремените жени би можеле да почнат да добиваат вијагра, со цел да се подобри растот на неразвиените бебиња.

Моментно се вршат тестови за да се утврди дали малата сина таблета може да ги подобри шансите за преживување на бебињата кои не се развиваат доволно внатре во матката.

Повеќе од 120 жени кои носат недоволно развиени деца ќе добијат регуларни дози на силденафил цитрат, генеричка верзија на вијагратa, за време на нивната бременост.

Добиените резултати потоа ќе се споредат со групата на жени на кои им е даден плацебо.

Ова истражување е започнато откако лабораториските тестови најавија дека вијаграта би можела да помогне во растот на бебето во матката, подобрувајќи го протокот на крв во плацентата.

Артериите кои ја хранат плацентата понекогаш не се шират доволно за да му ја дадат на бебето целата крв која му е потребна.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.