Среќата е вредност од животно значење. Многу луѓе им даваат поголемо значење на вредности како успех, знаење, пари и богатство. Сепак, вредноста на сите заедно не може да создаде или гарантита чувство на среќа што се наоѓа во срцето и душата, нешто што е бсценето бидејќи тоа не може да се купи ниту да се стекнe. Тоа мора да се култивира во нас самите.
Ова го вели во разговор за МИА, Маура Свини, амбасадор на среќата, Американка која по успешната кариера на корпорациски менаџер својот живот го посветила на проучување на среќата и пренесување на нејзините искуства и видувања како да се постигне.
Според неа, среќата има повеќекратно влијание врз животот на луѓето. Таа ни помага да се чувствуваме возвишено, не прави благодарни, креативни, слободни и исполнети со надеж. Кога сме среќни, ние може да влијаеме таквата атмосфера и чувство да се пренесе и на животот на луѓето кои не опкружуваат.
Во својата повеќегодишна активност како предавач на тема среќа, со серијата објавени интеренет – изданија насловени „The Art of Happiness“, многуте предавања и блоговите на кои е ангажирана, меѓу кои и придонесот за угледниот американски новинарски портал Хафингтон Пост, Свини е постојано во комуникација со луѓе од разни профили, образование и општествен статус, а луѓето често и се обраќаат со прашања. Кои работи ме спречуваат да живеам среќно, да имам исполнет живот, кои чекори можам да ги преземам за да го сменам начинот на кој размислувам и со тоа да станам среќна личност се дел од најчестите прашања со кои се среќава.
Среќата како начин на живот
За мене среќата е начин на живот, секојдневно размислување и создавање благосостојба, вели Свини.
– Среќа е кога знам дека сите мои внатрешни вредности, интереси и љубопитност се практикуваат, култувираат и се проектираат. Кога сето она што јас го говорам, работам или создавам е во согласност со она што сум јас од внатре. Среќата е кога сме „едно“ или „во согласност“ со самите себе, појаснува таа.
Често знае да каже дека луѓето се всушност она што тие мислат. Никој не ни кажува дека нашето животно искуство е функција или резултат на нашиот мислечки живот. Всушност, посочува, нашиот начин на размислување е тој кој создава искуства, а не обратно.
– Постои една стара изрека која вели „Човекот е онаков како што размислува во своето срце“. Таа изразувва една многу едноставна, но длабока вистина – нашите мисли го креираат нашето искуство во животот. Ние можеме да избереме да примениме одреден процес, ментална дисциплина за да бидеме среќни во животот. Ние исто така избираме во секоја ситуација да видиме добро, да видиме што е подобро, да видиме нови решенија и повисоки алтернативи. Кога го правиме тоа, нови мисли, идеи и можности се појавуваат пред нас, често пати на наше големо изненадување и лична радост. Најмногу од се, ние може да избереме да веруваме во postoeweto na krajnoto, врвно добродетелство кое ќе дејствува во заднината на нашиот ум и потоа ќе ни овозможи да ја „видиме“ добрината, да осознаеме што е добро за сите и да дозволиме таа да се одигрува како во нашите лични животи така и во општеството.



















