Одреден зеленчук може да предизвика прекумерна тежина

1398

Одредени видови зеленчук исто така би можеле да предизвикаат прекумерна тежина, покажува новото истражување, цитирано од британскиот весник “Индипендент”.

Најштетен во овој поглед е компирот поради неговите високи количини скроб и ниска содржина на вода, посочуваат истражувачите од универзитетот во Харвард.

Компирот се поврзува најчесто со качувањето на килограми, па истражувачите препорачуваат тој да биде заменет со ориз или леб. Особено корисни при слабеењето се наоѓаат боровинките.

Грст на ден помага за симнување на повеќе од половина килограм, најмногу поради присуството на полифеноли – состојки кои ги ограничуваат промените на метаболизмот.

Меѓу најпознатите видови зеленчук кои се корисни за слабеењето се карфиолот, зелката и брокулата.

Кај овошјето, попогодни за слабеење се сливи, јаболка, круши и јагодите. На секои 4 години во период од 24 години испитаниците требало да наведат колку често јадат од посочените видови од научниците овошје и зеленчук, како и да одбележат дали имале физички вежби и какви им се навиките поврзани со гледањето на телевизија и пушењето.