Во потрага по среќата со Маура Свини, амбасадор на среќата

1763

За вредностите и лидерството

На покана од Алумни асоцијацијата на Иванов Школата на лидери иницирана од претседателот на државата Ѓорге Иванов, Маура Свини одржа предавање за вредностите кои може да донесат „орджливо лидерство“. Нашиот свет, оценува Свини, е навикнат да гледа лидери кои доаѓаат и си одат. Но, таа верува дека има вредности кои може да помогнат за одржливо лидерство, а набројува седум:

  1. Да се види вредноста и значењето на другите луѓе,
  2. Третирање на другите со почит,
  3.  Вклучување на другите во решавање на проблемите,
  4.  Охрабрување на вклученост и учество на други луѓе преку нивните експертизи,
  5. Создавање средина каде на луѓето им се дава можност да бидат индивидуи со влијание,
  6. Да им се дозволи на другите да се изразат, да се развиваат па и да направат грешки во потрагата по нови одговори на предизвиците и развивањето на нови решенија
  7. Да се биде лидер кој е фокусиран на сопствениот развој така што тој или таа ќе им помогне и на другите да се воздигнат себеси.

Да се промени светот

Пораснав верувајќи во свет на добрина каде луѓето се почитуваат, споделуваат и учат едни од други. Во таков свет ние навистина ја „гледаме“ манифестацијата на среќата како идеал кој носи опипливи и неопипливи продобивки. Тоа е една сосема поинаква парадигма од онаа на која повеќето луѓе се навикнати најчесто, бидејќи повторуваат некои познати парадигми кои се базираат на страв. Јас ги применив сите вредности во кои верувам за време на мојата кариера како корпоративен менаџер и во други околности и утврдив дека тие се ефективни во создавање успешни средини. Клучот за тоа се постојаноста во мислите, зборовите и делата со цел да се видат резултати, нагласува амбасадорката на среќата.

Повеќето луѓе, вели Свини, мислат за среќата како за некоја минлива идеја и дека таа е прифатлива само за оние индивидуалци со слаб ум. Вистината е токму спротивното.

– Да се одлучи да се живее среќно во согласност со внатрешните уверувања, што е и мое главно мото, бара голем степен на храброст бара да се биде искрен кон себе си и да се придржуваш кон систем на повисоки вредности дури и во услови на отпор, предизвици и ризик. На крајот, потрагата по живот исполнет со среќа е нешто на што секој од нас може да работи преку менување на нашиот личен свет, а со тоа помагајќи во создавањето на нов свет на надеж за оние околу нас, порачува Маура Свини во разговорот за МИА во пресрет на Божикните и Новогодишните празници.

Скопје, 30 ноември 2015, за МИА Виолета Геров

Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk