Tom Hanks без сомнение е еден од најголемите холивудски актери на денешницата.
Иако има кариера долга речиси пет децении, бројни незаборавни улоги, два Оскари и многу други престижни филмски награди, тој не се променил многу од неговите почетоци како актер.
Tom Hanks на секој чекор им пркоси на холивудските стереотипи – тој е љубопитен, спонтан и разигран и во шестата деценија од животот, а неговите колеги го сметаат за еден од најљубезните луѓе во филмската индустрија.
Згора на тоа, тој е среќен во брак со актерката и продуцент Rita Wilson веќе 35 години, што се смета за неверојатно достигнување во холивудската фабрика за соништа каде партнерствата имаат тенденција да експлодираат пред да можете да кажете “кекс“.
Кога медиумите ќе го прашаат која е тајната на нивниот брак, тој спремно одговара.
Оженет сум со вистинската жена. Имам среќа што ја имам прекрасната Rita Wilson во мојот живот. Јас сум најсреќниот човек на светот.
Tom Hanks исто така има многу силно мислење за тоа кога би требало човек да се ожени.
Никој не би требало да се ожени пред 30, изјави еднаш холивудскиот актер за американскиот магазин People.
И тој знае зошто го вели тоа.
Rita Wilson е, всушност, неговата втора сопруга. Tom го кажа судбоносното да за прв пат во јануари 1978 година кога наполнил 21 година. Неговиот прв избор беше Samantha Lewes, која била четири години постара од него, која ја запознал додека студирал глума на California State University in Sacramento, United States of America.
Два месеци пред венчавката станале родители на малото момче Colin, а ја добија и ќерката Elizabeth.
Samantha и Tom останале во брак девет години, иако многу порано почнале да живеат одвоено, а во 1985 година поднелеа барање за развод. Коментирајќи го својот прв брак денес, Hanks признава дека се оженил затоа што бил премногу млад и осамен.
Бракот треба да биде свесна одлука, а не импулсивен потег, истакнува актерот.
Свесно решил да се ожени со младата актерка Rita Wilson во 1988 година, која ја запознал седум години претходно на снимањето на ТВ серијата “Bosom Buddies”, а со која работел и во филмот “Volunteers” од 1985 година. Актерот поради неа се преобратил и стана член на Грчката православна црква.
Помеѓу Rita и Tom немало љубов на прв поглед, туку пријателство на првата средба. И двајцата биле зафатени кога се запознале, па решиле да градат пријателство засновано на меѓусебно почитување и колегијалност. Со текот на времето, пријателството прераснало во романтична љубов, а потоа го крунисале со брак и родителство. Rita родила два сина – Chet во 1990 година и Truman во 1995 година.
Кога Rita Wilson ја прашале која е тајната на нивната долготрајна љубов, таа рекла:
Се венчавме, се посветивме еден на друг, се сакаме и работиме напорно на нашата врска. Ние не само што се сакаме, ние навистина се сакаме, сакаме да бидеме заедно, се поддржуваме и ги одржуваме каналите за комуникација отворени. Тоа е секогаш важно.