“Навика” која е штетна исто како да сте испушиле 15 цигари на ден

818

Осаменоста може да биде штетна за здравјето на луѓето исто како и пушењето.

Осаменоста го зголемува ризикот од прерана смрт за 26 отсто, според студијата на Brigham Young University објавена во списанието Perspectives on Psychological Science.

Социјалната изолација и недостатокот на социјални врски дополнително го зголемуваат овој ризик, поради што експертите веруваат дека осаменоста може да биде подеднакво лоша за здравјето на луѓето како дебелината или пушењето.

Истражувачите направиле разлика помеѓу луѓето кои се чувствуваат осамено и оние кои навистина немаат контакт со надворешниот свет. Студијата покажала дека во ризичните групи се и оние кои се сами, но се чувствуваат среќни, како и поединци кои имаат многу социјални контакти, но се чувствуваат осамено.

Ако им кажеме на луѓето повеќе да се дружат со другите, тоа би можело да го реши проблемот на социјалната изолација, но не и чувството на осаменост. Затоа треба да прифатиме дека двете категории се подеднакво важни, тврди водителката на студијата Julian Holt-Lunstad.

Експертите тврдат дека развојот на технологијата влијае на тоа што сé поголем број луѓе во светот живеат во социјална изолација и дека имаат сè помалку врски лице в лице. Од друга страна, истражувањата покажале дека создавањето пријателски и романтични врски го намалуваат стресот, го подобрува имунитетот и му дава поголема смисла на животот.

Клучот е да одржувате значајни и блиски односи со саканите и да имате богат социјален живот, советува д-р Julian Holt-Lunstad.