Сине мој: Ова е единствената причина заради која би требало да се ожениш!

453

Ова е писмо од еден татко кој на својот син, на еден генијален начин, му ја објаснил единствената вистинска причина зошто тој би требало да се ожени кога ќе порасне.

“Мил сине,

Ми се чини како вчера да какаше во пелена, а денес веќе дојдовме до тоа да зборуваме за секс. Сепак, пред да дојдеме до темата за сексот, би сакал да ти објаснам некои работи во врска со бракот. Поточно, сакам да ти ја откријам единствената добра причина заради која би требало да се ожениш, а која ќе ти помогне да ги разбереш сите други области, па дури и сексот.

Можеби еден ден ќе посакаш да се ожениш, но многу лесно тоа би можело да се случи од погрешни причини. Еден од нив е секако и идејата за тоа дека бракот ќе те направи среќен. Никогаш немој да го направиш тоа, бидејќи тоа е сигурен пат до развод. Постојат прекрасни бракови и тие опстануваат само од една причина, а тоа е и единствената причина зошто некој би требало да се ожени: секојдневно и заемно жртвување на сопственото его.

Јас егото го доживувам како дел од егото што го штити моето срце. Сите ние сме родени со добро срце, само што тоа е понекогаш во опасност, кога се наоѓаме во ситуација, на пример, некој да нѝ се потсмева и тогаш чувствуваме потреба да го заштитиме.

Како што старееме, нашиот ум создава “штит” околу нашето срце да нѐ поштеди од сите негативни влијанија. Тоа е нормално и на сите им се случува.

Кога сме помлади, тој мост се користи за да се одбраниме од несакани гости во нашите срца. Со текот на времето, сепак, ние разбираме дека нападот е најдобрата одбрана. Почнуваме да ги напаѓаме другите, да бидеме груби, а всушност се браниме од фактот дека некој нѐ повредил. Понекогаш тоа е клучот за опстанок во суровиот свет, но во повеќето случаи не е.

Така се бранат сите – и мажите и жените. Оружјето малку е поинакво, но поентата е еднаква – ние се плашиме дека некој нема да нѐ засака и на тој начин ние се браниме од страдањето. И тука се јавуваат потенцијалните проблеми во бракот.

Ако мислиш дека твоето его е од суштинско значење за опстанокот на бракот, силно грешиш. Вистинскиот маж знае кога треба да ја намали брзината и да го остави егото настрана. Истото важи и за жените.

Значи, која е тајната за среќен брак? Да се ожени или омажи некој кој влегува во брак заради истата причина.

На кратко, ожени се со онаа која е подготвена да тргне во луда авантура со сите подеми и падови кои ќе ги надминува заедно со тебе. И само, исклучиво со тебе.

Јас си го кажав своето.

Тато”