Мажи, не треба да бидете богати и убави! Овие пет особини жените веќе ги обожуваат кај вас

651

Сексуалната привлечност и способностa да ја задоволите во кревет се можеби и најневажните нешта за една жена да се вљуби.  Еве на што тие едноставно одлепуваат по вас. 

Мажите се премногу концентрирани на нивните физички карактеристики – широки рамена, плочки на стомакот, физичката сила или сексуалната привлечност, бидејќи веруваат дека овие работи носат поени кај спротивниот пол.

Сите овие работи се во ред, но најсекси кај мажот сепак е главата и тоа паметната глава. Тоа се мали нешта кои мажите во женски очи ги прават неодоливи.

Страст за нешто

Маж кој има страст кон некоја работа или хоби е поатрактивен од оној кој од сите хобиа практикува единствено седење на кауч.

Богат речник

Тука не се мисли на претенциозен вокабулар кои го користат луѓето кои се кријат позади големите зборови. Станува збор за маж кој раскажува и звучи паметно, без многу да мудрува.

Став за се

Мажите кои имаат конкретно мислење за конкретни проблеми се далеку поинтересни соговорници од оние кои раскажуваат за неважни глупости.

Зафатеност

Маж со исполнет распоред секогаш е попривлечен од оној кој нема што да прави по цел ден. Жената сака кога знае дека мора да се избори за парче од негово слободно време.

Мајстории

Иако звучи застарено, но мажот кој знае да поправи мали дефекти во домот секогаш е многу попривлечен од оној кој не знае ниту светилка да смени.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.