Во животот сѐ е возможно ( Џозеф Марфи)

210

Според д-р Џозеф Марфи, еден од најголемите автори и предавачи во 20 век, марфиевите закони се обична измислица.

Тој смета дека секој наш успех и секој наш неуспех се директен резултат на нашите мисли. Во праведно уредениот универзум, каде што губењето на рамнотежа би значело целосно уништување, индивидуалната одговорност мора да биде апсолутна.

Нашите слабости и нашите силни страни, чистотата и нечистотата се само наши, а другите имаат свои. Ги создаваме ние, а не некој друг.

Можеме да ги смениме само ние, а не некој друг. Сета наша среќа и сето наше страдање настанале во нас. Како размислуваме, такви и ќе бидеме. Како што тече нашето размислување, такви стануваме и ние.

Можеме да се издигнеме, да успееме и да победиме единствено ако успееме да ги победиме нашите мисли. Единствената причина поради која остануваме слаби, понижени и несреќни е одбивањето да ги издигнеме своите мисли.

(Извадок од книгата „Моќта на потсвеста“ од Џозеф Марфи)