„Никогаш не би рекле дека сум бил на операција. Можеби само кога би се загледале“, рече таткото на три деца во радио емисија.
Австралиецот го намалил пенисот за неговата сопруга, со која е во брак 21 година, да биде посреќна во кревет, пренесува Daily Mail. Ден од Сиднеј го откри ова во радио емисија, додавајќи дека жртвувал дел од својата машкост за да ја задржи „искрата“ во брачниот кревет.
“Малку го скратив пенисот. Жена ми се пожали дека е премногу долг, преголем. Намалив за 3,81 сантиметар”, признал таткото на трите деца.
Водителот Кајл го прашал како изгледа неговата машкост по зафатот. “Никогаш не би рекол дека сум бил на операција. Можеби само кога би се загледал”, објасни Ден, додавајќи дека неговиот пенис порано бил долг 25 центиметри.
Активен сексуален живот
Во продолжение на шоуто, Австралиецот открил дека имал секс со сопругата три до четири пати неделно пред постапката, но сега тоа го прават еднаш неделно.
“Обично тоа го правиме во среда, во средина од неделата. Ја преземам контролата и ја носам во спална соба. Порано барањата ѝ беа поголеми, но сега е толку. Пред осум месеци имавме секс три до четири пати неделно. Би се вратил дома од работа и би ја скинале облеката еден на друг“, рече Ден.
Водителската двојка му честитала за активниот сексуален живот по повеќе од две децении брак.