Причината за болните врски од минатото, врз основа на вашиот знак

1217

Обично принцезите мора да бакнуваат неколку жаби пред да го најдат својот принц. Има, меѓутоа, жени, на кои секоја наредна врска им завршува со срушени очекувања.

Понекогаш причината лежи во тоа дека човек не сака да учи од грешките во љубовта, за да направи подобар избор следниот пат.

Секој човек си има свои силни страни, но и слабости. Понекогаш токму овие слабости се причина за тоа, тој / таа да страда од скршено срце. Претставниците на различните ѕвездени знаци се справуваат поинаку со предизвиците во романтичните односи.

Еве и која може да е причината за болните врски од минатото, врз основа на вашиот знак:

Овен

Вашите чести промени во расположението вршат притисок врз вашата врска. Лошо е ако не сфаќате дека не секој човек може да ја проголта вашата суперемоционалност и избувливост и тоа е причина често да страдате од скршено срце.

Бик

На почетокот на врската вие играте незаинтерано и се однесувате надуено и ладно со другиот човек. Во даден момент, сепак, на него му здодева да ве брка, да ве гони и да се бори за внимание, и само си заминува, кршејќи ви го срцето.

Близнаци

Вие сте супер неконзистентна личност и партнерите ви бегаат од вас, бидејќи не се убедени дека може да се изгради сериозна врска со неодговорен човек како вас. Љубовниците обично раскинуваат со вас, пред да имате можност да им докажете дека можат да се потпрат на вас.

Рак

Вашите комплекси и длабока несигурност ве прават тешки за комуникација и потенцијални љубовници се оддалечуваат брзо-брзо. Вие имате постојано потреба од внимание и сведоштва за љубов, а тоа е досадно.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.

Продолжува на страна 2