Стрелец
Никој не сака врска со човек на кого не може да се потпира. Вие сте личност која дава ветувања кои не ги почитува, а тоа е прилично вознемирувачко. Вашите љубовници претрпуваат неколку разочарувања од вас и конечно решаваат да си заминат, пред да биде премногу доцна.
Јарец
Треба да научите да ги примате луѓето великодушно и со поширок поглед. Вашите љубовници се чувствуваат како на испит со вас, а освен тоа никогаш не им ги проштевате грешките. Ако продолжите да се однесувате така ќе си останете стара мома / ерген.
Водолија
Вие сте склони да ги криете своите вистински чувства, во желбата да изгледате кул непопустливо. Кога го затворате срцето за вашиот партнер, вие всушност го одбивате малку по малку. Токму стравот да не ви го скршат срцето е причина да си одите со скршено срце.
Риби
Вие никогаш не сте целосно задоволни од реалноста. Постојано се огледувате на партнер, подобар од сегашниот и така ги губите најважните луѓе од својот живот. Ќе треба да го промените светогледот, ако сакате да се изгради стабилна врска, инаку ве чека осаменост.



















