СВЕТСКИ СКАНДАЛ – Произведуваат лек против болки кој предизвикува голема зависност

514

Втората генерација на семејството Саклер, сопственици на џиновската фармацевтска индустрија, во изминатите неколку месеци беа во центарот на интересирање на јавноста поради поврзаноста со “опиумската криза” која ја потресе Америка.

Наводно, компанијата која ја поседуваат, произведува лек против болки кој предизвикува голема зависност и влијае на голем број на смртни случаи поради предозирање.

Саклер е една од 20-те најбогати семејства во САД, и според податоците на Форбс, имаат околу 14 милијарди долари. Најголемиот дел од нивното богатство доаѓа од приватната фармацевтска компанија “Perdue Farm”. Со своето седиште во Кентаки, компанијата измислила и пласирала еден од најконтроверзните опијати на 21-от век, “Oxycontin”.

Лекот против болката во голема мерка се препишува и злоупотребува, и како што пишуваат многу американски и британски медиуми, милиони се зависни од лекот, додека бројот на смртни случаеви од предозирање се зголемува.

Меѓутоа, за повеќето Американци, Саклер е познат по своите филантропски донации до институциите за уметност и елитните академии, особено во САД и Велика Британија, а музеите и факултетите честопати ги истакнуваат нивните имиња во знак на благодарност.

“Perdue Farm” е целосно во сопственост на роднините на покојните Мортимер и Рејмондо Саклер, двајца од трите браќа, кои ја започнале фармацевтската империја во 1950-тите. Нивните наследници најчесто живеат во Лондон и Њујорк.

Најстариот брат Артур, починал 1987 година, речиси една деценија по лансирањето на “Oxycontin”, а неговите акции беа продадени на Мортимер и Рејмонд, додека неговите наследници се дистанцирале од опиумската криза.

Во една статија за британски “Гардијан”, почесниот професор и поранешен шеф на одделот за психијатрија и бихејвиорална наука на Универзитетот Дјук, Алан Френсис, го спореди семејството Саклер со нарко картелите кои го контролираат производството на дрогата.

– И покрај фактот дека Саклерови и картелите прават пари од лекови кои предизвикуваат голема зависност и уништуваат многу животи, никој сѐ уште не ги одбил нивните донации и парите кои ги даваат. Ние ја забрануваме продажбата на крвавите дијаманти, но им дозволуваме на Санклер на мудар начин да ги користат крвавите пари и да го скријат срамот прикриен под закрила на добротворната работа. Нема крилја на Пабло Ескобар во Метрополитен музејот на уметноста во Њујорк, или галеријата Ел Чапо во Гугенхејм. Донациите на Саклерови не доаѓаат од љубов кон човештвото, туку од нарцисоидните амбиции, потребата да го закачат нивното име со најголемите достигнувања на човечкиот род – напишал професорот Френсис.

Според порталот “Национален институт за злоупотреба на лекови” во американската федерална влада, повеќе од 115 Американци умираат од предозирање со опијати секој ден, вклучувајќи ги и лековите против болка, хероин и други.

Бројните водечки медиуми од САД и Велика Британија меѓу главните виновници за “опиумската криза”, го истакнуваат семејството Саклер. Така, “Гардијан” оваа недела објавил текст со наслов “Запознајте се со Саклерови: семејството обвинето за опијумската криза”. Американскиот “Њујоркер” објави голема приказна во октомври минатата година, “Семејство кое ја изградило империјата на болката”.

Меѓутоа, семејството честопати е поврзано со големи донации за институциите. “Њујорк тајмс” во декември минатата година отвори дебата за тоа дали музеите треба да добијат донации од донатори кои се поврзани со “опиумската криза”.

(Blic)