Посмртните останки на кралот Ричард III. се пронајдени во 2013 година на неверојатна локација под еден паркинг во Лестер, Англија.
Ова откритие разбуди надеж дека можеби можат да се најдат некои други непознати почивалишта.
Ова е приказна за 10 познати луѓе кои се закопани на досега непознати места за нас.
Џингис-кан
Кинески и персиски извори сугерираат дека Кан починал во 1227 година. Неговиот син го вратил веројатно телото во Монголија. Војниците го исполниле барањето на Кан гробницата да остане тајна. Се чини дека го сториле тоа со газење на гробот со 10.000 коњи додека не ја израмниле земјата, па дури и ја пренасочиле реката преку гробот за да ја заштитат од грабежи. а оние кои го виделе гробот биле убиени. Начниците веруваат дека Кан бил погребан во Khentii Mountains во Монголија.
Марк Антониј и Клеопатра
Познатото двојно самоубиство на парот се случило околу 30 п.н.е., откако Октавијан (подоцна познат како царот Август) ги прогонувал до Александрија. Античкиот хроничар Плутарх изјавил дека тие биле положени на „одличен и кралски начин“ во гробница во близина на Александрија. Во 2009 година, археолозите го истражувале храмот Taposiris Magna во Абсуир, Египет. Таму пронашле биста со ликот на Клеопатра, маска за која се верува дека му припаѓала на Марк Антониј, и монети со нивниот лик. Сето ова сугерирало дека парот не бил далеку од оваа локација. Постојат некои докази дека Клеопатра самата си изградила гробница пред нејзината смрт, додека некои веруваат дека нивните гробници се на дното на океанот.
Александар Велики
Откако со децении водел освојувачка мисија од Македонија во Индија, Александар Велики починал во Вавилон во 323 година п.н.е. Првично бил погребан во златен саркофаг во Мемфис, Египет, а потоа е преселен во Александрија некаде помеѓу 293-283 година. пр. Кр. Гробницата била ограбена неколку пати, а некои веруваат дека подоцна била уништена од војни и временски непогоди. По повеќе од 140 обиди за пребарување, точната локација на гробот сѐ уште не е позната иако многумина веруваат дека сѐ уште се наоѓа во Александрија.
Атила
Тој се етаблирал како еден од најголемите непријатели на Римската империја. Според записите, тој починал во 453 година, за време на неговата прва брачна ноќ, со крв што течела од носот и устата. Погребан е во три ковчези изработени од железо, сребро и злато, а како и во случајот со Џингис-кан, реката била пренасочена за да се скрие гробот. Сите оние кои го ископале гробот на Атила за да го закопаат, биле убиени за локацијата да остане тајна. Пред седум години во Будимпешта, градежни работници откриле комора со човечки скелети, накит и воена опрема. Првично се тврдело дека е место за одмор на Атила, но тоа набргу е побиено. Сѐ уште се смета дека е погребан некаде во Унгарија.
Леонардо да Винчи
По неговата смрт во 157 година, на 67-годишна возраст, да Винчи, наводно, првично бил погребан под црквата што била уништена за време на Француската револуција. За време на ископувањата во 1863 година, биле пронајдени остатоци од надгробни споменици и човечки коски за кои се верува дека се на да Винчи. Но, ова никогаш не е потврдено, бидејќи извршувањето на ДНК анализа го отежнува тоа што Леонардо немал деца.
Харолд II
Убиен е во 1066 година во битката кај Hastings. Наводно, неговото тело било толку осакатено што само неговата вонбрачна сопруга можела да го идентификува. Дури и денес, не е јасно што се случило со телото и каде е погребан. Имало едно барање за ексхумација, но одбиено е, бидејќи наводно имало мали шанси остатоците што ги нашле таму да припаѓаат на Харолд Втори.
Кралица Boudicca
Келтска кралица која водела востание против Римјаните. Таа починала на 60-годишна возраст и се верува дека извршила самоубиство за да избегне заробување. Некои шпекулации велат дека нејзините посмртни останки веројатно никогаш нема да се најдат. Но, постојат и гласини дека била погребана под платформите 8,9 или 10 на станицата King’s Cross во Лондон, што досегашните ископувањата сѐ уште не го потврдиле тоа.
Волфганг Амадеус Моцарт
Сѐ за неговата смрт е мистерија. Починал во 1791 година, на 35-годишна возраст, од мистериозна болест. Погребан е на виенските гробишта Св. Марко. Телото било положено во дрвен ковчег, во заеднички гроб. Поради локалниот закон, таквите гробови би можеле да бидат ископани во тоа време и повторно да се искористат по 10 години. Се претпоставува дека тоа се случило и со гробот на Моцарт.
Алфред Велики
Овој англиски крал првпат бил погребан во 899 година во Винчестер. Кратко потоа, телото било преместено во нова црква изградена од неговиот син Едвард во 903-904 година. До 1110 година, телото повторно било преместено во опатијата Хајд, заедно со неговата сопруга и синот. Но, откако кралот Хенри VIII. ги прекинал врските со Рим и Папата, опатијата била уништена, а гробот ограбен. Некои тврдат дека посмртните останки биле преместени во парохиската црква Св. Бартоломеј, додека други велат дека градежните работници од 18 век расфрлале коски на местото на Хајдската опатија.
Кралица Нефертити
Многу малку се знае за оваа египетска кралица, па археолозите веруваат дека евентуалното откривање на нејзиниот гроб би можело да открие нешто повеќе за неа. Досегашните наоди не потврдиле дека некаде има остатоци од кралицата.