Сѐ објаснил на Фејсбук | Еве зошто жените над 40 се подобри од помладите

654

Еден корисник на Фејсбук, на својата страница, ги објави фактите поради кои секој маж треба да тежннее за живот со жена над 40 години, наместо да избира помлади жени.

Еве што напишал во својот пост:

Еден постар искусен маж рекол: “Колку сум постар, толку повеќе ги почитувам жените над 40 години. Еве неколку причини:

1. Жена постара од 40 години никогаш нема да се разбуди среде ноќ за да те праша: “За што размислуваш?” … таа едноставно не се грижи за тоа.

2. Кога жена постара од 40 години не сака да гледа натпревар, таа не седи до тебе со незадоволство. Таа ќе се забавува со нешто друго, со нешто за што е разсположена. Најчесто тоа е многу поинтересно од натпреварот.

3. Жена постара од 40 години самата доволно се познава да знае која е таа, што сака и од кого сака. Само мал број жени постари од 40 години ги интересира што мислиш за нив.

4. Жените постари од 40 години се горди на себе. Ретко ќе направат сцена среде опера или ресторан, но ако си заслужил, нема да се двоумат да пукаат од пиштол во тебе, ако се сигурни дека ќе останат неказнети. Со возраста жената станува видовита.

5. На жената постара од 40 години не треба да ѝ кажуваш што си направил – таа веќе знае.

6. Жената постара од 40 изгледа одлично кога става светло црвен кармин, што не можете да тврдите за повеќето помлади жени. Штом мажот ќе ги добие првите брчки, за него жената постара од 40 години е далеку по сексипилна од помладата жена.

7. Постарите жени се поискусни и отворени. Тие ти кажуваат во лице кога се однесуваш како идиот. Никогаш не мора да се прашаш на што си кај неа.

Да, постојат многу причини зошто ги почитувам жените постари од 40 години. За жал, обратно, не вреди …

За секоја сјајна, интелигентна, жешка жена на возраст над 40 години, доаѓа “остаток од нешто” – дебел стомак во жолт шорц кој заради 20-годишна келнерка прави мајмун од себе!