Соочување со тагата | Зошто некои луѓе се смеат на погреби и како да се спречи ваквата реакција?

1372

Погребот е последното место на кое сакате хистерично да се смеете, но тоа навистина може да се случи во тешкиот момент

Погребите се единствена средина каде што тагата може да има различни форми, од кои некои се попосакувани од другите. Неконтролираната смеа е дефинитивно една од непосакуваните реакции, но е почеста отколку што може да помислите.

Другите посетители генерално сметаат дека таквата реакција е несоодветна и нечувствителна, но постои психолошка причина зошто некои луѓе едноставно не можат да си помогнат, пишува Mirror.

Клиничкиот психолог Abigael San вели дека погребите се ситуации кои се емотивно многу тешки.

„Смеењето може да биде она што ние го нарекуваме манична одбрана, скоро како стратегија за соочување, но на одбранбен начин, да го сврти вниманието од реалноста на ситуацијата, загубата, човечката ранливост и крајот на животот“, објасни таа.

Како да се спречи смеата на погреб?

Д-р San даде неколку предлози за сузбивање на смеата.

“Забележете и препознајте што се случува одвнатре, следете што се случува во вас физиолошки. Дишете, движете ги прстите и за момент сконцентрирајте се на вашите стапала. Фокусирајте се на нешто што всушност се случува во тој момент, наместо да дозволите да ве преплават чувства. Тоа не значи дека ги избегнувате своите мисли или чувства, но во исто време се фокусирате на повеќе работи, што може да ви ја олесни ситуацијата“, рече таа.

Значи, тоа е природна реакција за која треба да се погрижиме, бидејќи е нормално дека не сакаме да се справиме со непријатни чувства.

„Нема ништо лошо во тоа, но претпоставувам дека на другите ова однесување може да им биде збунувачко, иако тоа е само еден од многуте наши одбранбени механизми“, заклучи д-р Сан.