Огромен кластер на црни дупки е скриен во необичен збир на ѕвезди | Ќе го „изеде“ за милијарда години

718

Топчестиот сет „Паломар 5“ е дом на стотици црни дупки кои би можеле да го проголтаат за милијарда години.

Група sвезди со невообичаена форма, Паломар 5, која е оддалечена од нас од 65 до 80 илјади светлосни години, можеби крие посебна тајна. Имено, се чини дека во центарот на овој топчест склпо со големина од 30 000 светлосни години лежат повеќе од 100 црни дупки со sвездена маса.

Инаку, sвездите во тој топчест склоп се раѓаат истовремено и од истиот гасен облак. Се сметаат за реликти на раниот универзум, стар околу 10 милијарди години. Тие се карактеризираат со топчеста форма на многу густа содржина, од 100 000 до милион ѕвезди. Досега се откриени околу 150 од нив во Млечниот пат.

Чудна форма

Но, Паломар 5 е малку „прозрачен“ од другите топчести склопови, бидејќи растојанието меѓу неговите sвезди е поголемо, а исто така има и две долги опашки на sвезди кои се оддалечуваат од центарот, опишува EarthSky.

Токму во овој центар астрономите пронашле повеќе од 100 црни дупки, или тројно повеќе од очекуваната бројка. Тие дошле до сознание дека црните дупки сочинуваат дури 20 проценти од неговата маса. Во своето истражување тие предупредуваат дека еден ден црните дупки ќе ги проголтаат сите sвезди на Паломар 5.

Научниците, водени од неодамнешните истражувања кои покажаа дека во топчестиот склоп би можело да се наоѓаат црни дупки, ги изменија своите симулации за развој на топчестиот склоп. Кога во нив додале голем број црни дупки, се покажало дека нивното дејство може да создаде топчест склоп слично на Паломар 5, пишува Science Alert.

Ќе исчезне за милијарда години

Паломар 5 е единственото познато топчест склоп што има плински струи или големи опашки на sвездите кои се формираат кога sвездите го напуштаат центарот на групата. Во случај на постоење црните дупки, ѕвездите ќе бидат исфрлани во долгиот плински тек. Но, за тоа би биле потребни многу црни дупки, кои ги има Паломар 5.

„Секоја од нив има маса што е приближно 20 пати поголема од масата на Сонцето“, забележа еден од авторите на студијата, астрофизичарот Марк Гилес од Универзитетот во Барселона.

https://youtu.be/OiF2SYa4jWw

Симулациите покажаа дека за приближно милијарда години, Паломар 5 целосно ќе исчезне. Слична судбина веројатно ги чека и другите топчести склопови.

“Голема е непознаница колку црни дупки има во склоповите, што е тешко да се утврди со набудување, бидејќи црните дупки не можат да се видат. Користејќи го нашиот метод за анализа на бројот на sвезди исфрлени од топчестиот склпо, успеавме да откриеме колку црни дупки има”, објасни астрофизичарот Фабио Антонини од Универзитетот во Кардиф.