Најчести греши со кои родителите го кочат развојот на интелегенцијата кај сопствените деца

111

Немој ова, немој она, немој сега, немој тогаш, внимавај ќе паднеш, внимавај, немој… Колку само често во еден ден на ваков начин ги прекоруваме своите деца?

Најверојатно многу пати, затоа што не сакаме да се удрат, да паднат, да заплачат, а со тоа не само што не им дозволуваме да бидат деца, туку не им дозволуваме и да ја развиваат својата интелегенција.

Станува збор за детските потреби – кога ќе се качат на кревет децата веднаш скокаат.

– Не, немој да скокаш, ќе паднеш, ќе го уништиш креветот, веднаш симни се.

На децата им е досадно и со радост би се вртеле околу својата оска.

– Гледај мамо, хахахаа, се вратм, јеее…. Престани веднаш, ќе ти се заврти, ќе паднеш… И скокнуваме веднаш на нив да ги прекинеме.

Еден од примерите е и оној кога родителите шетаат со своето дете покрај патот, а тоа упорно оди на работ и балансира и покрај сите силни предупредувања дека може да го згази автомобил.

Или детето отуштено седи во фотелјата пред телевизор, па почнува лесно да удира со ногата по работ, па уште, па уште и уште. И секако, веднаш го опоменуваме. – Зошто тропаш со ногата, немој тоа да го правиш, те молам.

А тоа детето всушност само замислува некоја своја имагинирана линија и се одбива од неа за повторно да ја дофати. Кога ќе му стане досадно, тоа својата линија ја поместува малку погоре и почнува да удира уште повеќе. Во тој  момент во телото на детето се активираат сите мускули и тоа не само физички, туку и работата на делот од мозокот, кој ги движи и контролира мускулите, што дополнително е стимулација за развој на невроните во мозокот. Невроните најбрзо се развиваат до седмата година од животот.

Продолжува на страна 2