Најчести греши со кои родителите го кочат развојот на интелегенцијата кај сопствените деца

2010

И тука лежи цела фама, а појаснување дадоа најпаметните експерти, членови на Менса.

Интелегенцијата имено не зависи само од бројот на невроните, односно таа не е поврзана само со генетескиот потенцијал, туку и од важните врски меѓу невроните т.н. синапси, кои се развиваат само до седмата година на детето. Со развивањето на невроните, одржувајќи ги невроните живи и создавајќи нови врски меѓу нив се зголемува самата интелигенција на детето. Со други зборови – мозокот кој е стимулиран со природни детски „палавштини“ не дозволува изумирање на невроните.

Значи, кога мозокот има повеќе неврони, логично е дека е попаметен од оној чии неврони изумираат. А тие изумират доколу мозокот не се тренира, доколку се остави пред телевизор, таблет, монитор, полека впива информации без никакви физички (ре)акции. И тоа е цело обајснување на (не)интелигенцијата.

Знаете ли дека ротација околу својата оска се смета една од најкомплицираните движења и дека детето со тој чин од кој модерните родители многу се грозат, не се смета само за нова синапса, туку и една сосема нова перцепција во светот. Не е лесно да се заврштиш и да не паднеш или да се падне и веднаш да се ориентира во просторот. Децата така го развиваат својот мозок  и истовремено одржуваат рамнотежа вклучувајќи ги сите мускули во телото. Сето тоа му помага на детето побрзо да го перцепира и го препознава светот околу себе и побрзо да размислува и да заклучува.

Како пример тука можеме да го истакнеме и она фамозно превртување и качување на глава, кога не мал број родители мислат дека на детето ќе му се слее цела крв во мозокот и потоа… Што? Потоа детето убаво малку ќе го перцепира светот наглавечки.

Наместо најнови таблети, купете им удобни патики за трчање.