НЕОБИЧНА СПИРАЛА СНИМЕНА НАД АЛАСКА ?! За што точно се работи? Фото/Видео

880

Фотографот Todd Salat сака да снима аурори и често поминува часови со својот фотоапарат на студениот ноќен воздух трпеливо чекајќи да се појави небесниот спектакл.

Но, во саботата наутро, во близина на градот Delta Junction, видел феномен кој бил сосема поинаков од она што го очекувал. Не личело на ништо што од порано видел.

Кога погледнал кон небото, ја видел зеленикавата светлина на поларната светлина и сината спирала која станувала се поголема и поголема додека се движела по небото.

„Тоа беше прекрасно уметничко дело на небото“, изјави Salat за Daily News. За среќа, фотографот ја имал целата опрема со себе и бил подготвен да снима и го снимил овој несекојдневен феномен.

What Caused This Strange Glowing Spiral Over Alaska? There's a Simple Answer : ScienceAlert

Како дошло до овој феномен?

Но, за што всушност се работи? Неколку часа пред спиралата, SpaceX лансирал ракета Falcon 9 од Калифорнија, носејќи десетици сателити. Неколку минути по лансирањето, првата фаза на ракетата се спуштила на земјата за да може повторно да се користи. Во меѓувреме, горната етапа Falcon 9 го продолжил со своето патување во орбитата, каде што ја завршил својата мисија и потоа се спуштил назад на Земјата во ротирачка спирала.

Во таа прилика, тој ги ослободил остатоците од горивото во горната атмосфера, каде што водената пареа во гасовите се замрзнала во ситни кристали кои ја рефлектирале светлината. Иако засега не можеме со 100% сигурност да потврдиме дека небесната спирала над Алјаска била предизвикана од ракета на SpaceX, но ова е најверојатното објаснување бидејќи такви сцени се случиле и на други места при лансирање на ракети, пишува Science Alert.

На пример, на крајот на јануари оваа година, на ноќното небо над Хаваи се појави сенишна синкава спирала. Јапонската Национална астрономска опсерваторија ја забележа оваа мистериозна спирала на 18 јануари, веднаш откако SpaceX лансирале ракета Falcon 9 кој носел голем воен сателит.