МИСТЕРИОЗНИ СИГНАЛИ ЗАБЕЛЕЖАНИ ВО МОЗОКОТ ПО СМРТТА ! Научниците без збор од страшната глетка

1681

Научниците од University of Michigan во САД откриле необичен бран на активност во мозоците на две лица кои умираат, што може да биде објаснување за феноменот на искуства блиски до смртта, пренесува Science Alert.

Досега научниците не можеле да утврдат што точно се случува во мозокот во последните моменти од животот на една личност, а дури минатата година за прв пат биле детално снимени мозочните бранови на личност која умира и скок во еден специфичен тип на мозочна активност – гама бранови, заедно со промените во другите фреквенции.

Во новата студија, научниците забележале сличен наплив на краткотрајна гама активност кај двајца од четворица пациенти кои биле симнати од апарати за одржување.

Од 2013 година, невронаучникот Jimo Borjigin и неговите колеги бараат паралели помеѓу последните моменти на човечкиот мозок и резултатите од експериментите на стаорци кои претрпеле срцев удар.

Тие веруваат дека овие минливи блесоци на мозочна активност, кои се јавуваат кога субјектите веќе очигледно не се свесни за она што се случува околу нив, би можеле да го објаснат феноменот на искуства блиску до смрт.

Тимот анализирал смртни случаи во одделението за невроинтензивна нега од 2014 година во болницата на University of Michigan Hospital.

Кај двајца од четворицата коматизирани пациенти кои починале додека лекарите сè уште ја следеле нивната состојба по срцев удар, снимките од ЕЕГ откриле силен излив на гама бранови во еден дел од мозокот, кој подоцна се проширил на двете мозочни хемисфери.

Експертите потврдиле дека не станува збор за некаков напад, поради што научниците веруваат дека тоа се последните изливи на свесност за околината.

Сличен модел на активност е забележан за време на спиењето и кај пациенти со напади кои пријавиле дека доживеале халуцинации и искуства надвор од телото.

Овој дел од мозокот вклучува сензорни области, што би можело да објасни зошто искуствата блиску до смртта што ги известуваат луѓето се толку живописни.

Се смета дека комуникацијата помеѓу мозочните хемисфери е исто така суштинска за потсетување. Ниту еден од набљудуваните пациенти не преживеал, па не можеле да кажат што точно виделе, почувствувале или доживеале во последните моменти од животот.

Сепак, не сите експерти се убедени дека искуствата надвор од телото се поврзани со краткотрајната средба со смртта и веруваат дека тоа попрво би можело да биде невролошка реакција на недостатокот на кислород во мозокот.
Тоа не го негираат ниту научниците кои работеле на новото истражување.

„Не можеме да ја исклучиме можноста дека овој гама бран е знак на патолошки процес специфичен за фазата на умирање и не е поврзан со свесното процесирање“, пишуваат Borjigin и неговите колеги во студијата објавена во стручното списание PNAS.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.