Само што седнала да пие кафе ѝ пукнал водењакот | Акушерката Верица ја породи за 10 минути

2286

Како и обично, Верица тоа утро го испратила својот сопруг на работа, и пред да се упати кон Градска болница, седнала со својата имењачка, седумдесетедногодишната тетка Верица, акушерка во пензија, да испијат кафе.

Иако во текот на ноќта имала благи болки, сè уште ништо драматично не се случувало. Терминот за породување бил предвиден дури за два дена и сè уште немало индикации дека ќе се случи породувањето.

На Верица ова ѝ била трета бременост, а во претходните две скогаш се породувала после закажаниот термин, па така мислела дека ќе биде и овој пат.

Сепак, ненадејно имала три до четири посилни болки и контракции. Сфатила дека сепак е време да се облече и подготви за болница, но на вратата од собата ѝ пукнал водењакот. Тогаш станала вистинска гужва: Мајката на Верица го повика вујко ѝ да дојде и да го загрее автомобилот. Сепак тетката и имењачката Верица Илиќ Лазаревиќ (71), акушерка во пензија со 43 години работен стаж, видела дека нема време!

“Ѝ реков на Веца да легне на кревет, ја потпрев со пешкир и фрлив на земја некој стар чаршаф, тој ми дојде прв под рака. На вториот напон бебето самото се лизна. Заплака по две секунди”, раскажува тетка Верица.

Искусната тетка потоа направила и сè друго. Ја подврзала и ја пресекла папочната врвца, го избришала бебето и го завиткала во ќебенце. Верица се облекла и се упатила кон Градската болница на Ѕвездара. Тоа утро вееше снег. Иако доаѓањето на светот на малата Анастасија изгледало долго, од пукањето на водењакот до влегувањето во автомобилот поминале само 10 минути!

А во Градската болница, со страв ја дочекале жената која се породила дома. Сепак, по извршените прегледи, кажале дека бебето е одлично, “розево како роза”. Бебето Анастасија и нејзината мајка се вратиле дома четири дена подоцна. Мажот на Верица, Драган, сѐ уште бил на пат до работа кога во автомобилот дознал дека по трет пат станал татко. А се изненадил кога слушнал дека неговата жена сè уште е дома.

Тетка Верица вели дека акушерката треба да се снајде во секоја ситуација во која се наоѓа. Во една прилика, породилажена во приемното одделение на болницата. Секогаш ја имала онаа мирна нота кога е бркотница, а вели дека би можела да породи жена и во прашума.