7 чудни постапки на кучињата и што тие значат

2707

На многу сопственици на кучиња најубав дел од денот им е кога доаѓаат дома и кога ќе слушнат тропање со шепи по подот. Веруваат дека и нивните миленици се подеднакво одушевени како и тие.

Но, што навистина кучињата мислат кога ќе ја отворите вратата и кога ќе ве здогледаат?

Дали се возбудени од помислата дека ќе им дадете јадење или помеѓу вас постои вистинска врска?

За да дојдете до одговорите, прочитајте ги однесувањата накучињата од Julie Hecht, професорка на Универзитетот Duke, опишани во книгата “Генијалноста на кучињата“.

1. Зошто моето куче е толку возбудено кога го кажувам зборот “прошетка”?

Кучињата, како и делфините, мајмуните и папагалите, можат да научат различни вокални команди или зборови. Едно куче, од раса border collie, наречено Chaser, може да научи повеќе од 1.000 зборови! Истражувачите велат дека Chaser користи процес на брзо мапирање или заклучување, што е многу слично на тоа како децата учат јазични вештини. Тоа подразбира погодување на значењето на зборовите врз основа на предмети кои се користат во поврзувањето со тој збор. Значи, ако постојано зборувате “прошетка”, а потоа го земате поводникот и го водите кучето на прошетка, тој би можел да го поврзе зборот “прошетка” со нешто што има врска со одење на прошетка.

2. Зошто моето куче зева секој пат кога и јас?

Исто како и за луѓето, зевањето е “заразно” и за кучињата. Една студија објавена во списанието Biology Letters вели дека “емоционалната зараза” е сосема нормална. Што е уште поважно, кога зевањето ќе “премине” на вашето куче, тоа значи дека тој сочувствува со вас.

Се верува дека кучињата сочувствуваат со нас и на други начини. Друга студија спроведена на Универзитетот во Хелсинки вели дека кучињата можат да почувствуваат кога нивните сопственици се лути, па дури и се развивале така да дејствуваат соодветно на тоа. Трета студија покажала дека кучињата реагираат на сличен начин, психолошки и бихејвиорално, како и луѓето кога слушаат како мало бебе плаче.

3. Зошто кучињата се вртат на спротивна страна од нас кога се обидуваме да ги прегрнеме?

Психолог кој го набљудувал однесувањето на кучињата открил вознемирувачки тренд врз база на 250 фотографии на кои луѓе гушкаат кучиња – кучињата не биле баш среќни. Како го знаеме тоа? Според истражувачот на однесувањето на животните, Julie Hecht, постојат три главни знаци на стрес кај кучињата:

А). Вртење на главата од она што им пречи,
Б). Покажување на белките од окото, и
В). Спуштање или повлекување на ушите наназад.

Повеќето од кучињата на фотографиите ги покажувале овие знаци. Сепак, некои кучиња би можеле да ја поднесат прегратката, особено ако доаѓа од некој познат. Со други зборови, кучињата имаат многу начини на кои ја прикажуваат љубовта, но прегратките можеби не се еден од нив. Ако кучето се извлекува од вашата прегратка, обидете се да го помилувате по глава или да го почешкате по стомакот, советува Hecht.

Продолжува на страна 2