7 чудни постапки на кучињата и што тие значат

2417

4. Зошто моето куче се натпреварува кој од нас подолго ќе ги задржи очите на другиот?

Колку вашето куче гледа во вас може да открие колку ги разбира емоциите. Научниците кои ја мерат количината на времето кое кучето го поминува гледајќи во нешто, велат дека должината на траење на погледот, може да укажува на она што истражувачите го нарекуваат “кршење на очекувањата”, или она што Julie Hecht го нарекува одложено “Што, што?”

Кај кучињата, долгите погледи би можеле да укажуваат на нешто спротивно. Една студија покажала дека кучињата подолго гледале во фотографиите каде што нивните изрази на лицето соодветствувале на емоционалниот тон на звукот што го слушале во исто време. Со други зборови, подолго гледање би можело да упатува на тоа дека вашето куче ги обработува соодветните емотивни сигнали што му ги испраќате, како што е насмевката или гладење по главата.

5. Зошто моето куче секогаш ги мириса моите пријатели?

Како и другите животни, кучињата добиваат многу информации за својата околина врз основа на она што тие го мирисаат. Покрај тоа, некои студии покажуваат дека кучињата навистина уживаат во мирисањето на луѓето кои ги знаат, како и своите сопственици. Една неодамнешна студија открила дека мозокот на кучињата го толкува присуството на мирисот на познатата личност како награда.

За потребите на студијата, истражувачите ги скенирале мозоцкот на кучиња додека тие биле изложени на различни мириси: мирис на самиот себе, на познат човек, непознат човек, на познато куче и непознато куче. Кога кучињата го почувствувале мирисот на позната личност, дел од нивниот мозок поврзан со постапка на разбирање на процесот на наградување покажало зголемена активност, дури и повеќе од кога помирисале мирис на познато куче.

“Тоа ни кажува за способноста на кучето да почувствува мирис и дава важни индикации за важноста на луѓето во животот на кучињата”, пишуваат истражувачите во нивната работа.

6. Зошто кучињата се кријат зад нозете на луѓето?

Ако вашето куче одеднаш се крие зад вас и ѕирка зад вашите нозе само за да провери што се случува, големи се шансите дека се плаши.

Дали тоа ве потсетува на нешто што би направило мало бебе? Бихејвиоралните истражувања (на однесувањето) сугерираат дека кучињата се единствените домашни животни кои комуницираат со луѓето на сличен начин како што бебињата комуницираат со своите родители. За разлика од мачките или коњите, кучињата кои се плашат или се загрижени ќе бараат помош и утеха од своите сопственици, исто како што малку постари бебиња бегаат кај своите родители, вели Theresa Fisher. За разлика од нив, мачките и кучињата едноставно трчаат и се кријат.

7. Зошто кучињата сакаат снег?

Се сеќавате ли кога сте биле мали и не сте можеле да дочекате да скокнете во еден куп свеж снег кој штотуку паднал? Па, кога станува збор за таа прашкаста бела супстанца, “кучињата би можеле да бидат многу слични на нас”, пишува Hecht.

Gordon Burghardt, професор по психологија на Универзитетот во Tennessee, автор на книгата “Потеклото на играта на животните: тестирање на границите”, вака вели: “Многу животни од областа со умерена клима навистина уживаат играјќи во снегот. Мислам дека тоа се однесува на сетилните својства на снегот (…) кога го гледаме кучето во снегот не сме далеку од споредување на она што ние сме го доживеале како деца.”

Навистина, многу однесувања на кучињата нам ни се невообичаени и немаме објаснување за сè, но се надеваме дека сте добиле одговори на некои прашања, и дека сега малку подобро ги познавате причините зошто вашето куче се однесува токму како што се однесува. Сопствениците на кучињата веќе знаат дека е многу важно да се познава однесувањето на вашето куче и да се идентификува она што го предизвикува, за да можеме и кучето и животната средина да ги заштитиме од стрес и од негативни настани.

Извор: IFLScience

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.