Како изгледа животот во вселената? Астронаутката на забавен начин одговарала на детските прашања | Видео

1035

Видео разговорот е дел од проектот за инспирација на девојките да започнат кариера на STEM (наука, технологија, инженерство и математика).

Првиот европски командант на Меѓународната вселенска станица (ISS), италијанската астронаутка Samantha Cristoforetti, придружувана од Барбика, одговарала на прашањата на девочињата.

Cristoforetti неодамна одвои време да опише некои од експериментите спроведени на ISS и да одговори на прашања на девојчињата од 8 до 11 години од цела Европа.

Додека зборувала, таа и нејзината Барбика во скафандер лебделе во бестежинска состојба.

  • На прашањето зошто одлучила да стане астронаут, 45-годишната Cristoforetti одговорила: Растејќи бев фасцинирана ноќното небо и идејата за лет во вселената, чувството за авантура и истражување.

На тоа таа додаде: Потоа се заинтересирав за науката и технологијата и многу ми се допадна летањето, па станав пилот. А тоа што сум астронаут ги поврзува сите овие страсти и интереси, рече таа.

Видео разговорот, чии извадоци беа објавени во понеделникот, е дел од проектот за инспирација на девојките да започнат кариера во STEM: наука, технологија, инженерство и математика.

Со неа се одбележува и Светската недела на вселената, која започнува денеска, вторник, 4 октомври и трае до понеделник, 10 октомври.

Иницијативата беше организирана од добротворната организација Inspiring Girls International, која ги поврзува девојките со меѓународни примери.

Компанијата Mattel дизајнираше астронаут Barbie како Cristoforetti во 2019 година и ја пушти во продажба во 2021 година.

Компанијата донираше дел од профитот на добротворната организација Women in Aerospace Europe.

Првата Барбика во вселенски костум се појави во 1965 година. Таа била облечена во костум што го носеле астронаутите на програмата Mercury во 1960-тите.

Mercury е првата американска програма за вселенски лет со екипаж која лансира човек во орбитата на Земјата и го отвори патот за идните вселенски мисии.