Лекот за холестерол би можел да се користи за лекување на рак на простата

1822

Лекот кој вообичаено се користи за лекување на холестерол во крвта може да се користи за лекување на рак на простата кој не реагира на хормонски третман, откриле научниците.

Клиничкото испитување со 12 учесници покажало дека статините го забавуваат растот на туморот кога се даваат со третман кој го намалува нивото на хормоните (терапија со лишување од андрогени).

Истражувањето, спроведено од центарот за рак Beatson West of Scotland, го поздрави поранешниот војник John Culling (64), кому во 2019 година му беше дијагностициран агресивен облик на рак на простата.

Првиот симптом за него било ноќното мокрење.

  • Не бев премногу загрижен. Морав да станувам само еднаш навечер, но никогаш порано не морав, па промената ме поттикна да одам да проверам, рече тој.

Дијагнозата беше шок. Имав 60 години, но цел живот бев во војска, па бев во добра форма.

Culling доби хемотерапија, зрачење и хормонска терапија кои биле успешни и сега е под контрола, но со оглед на агресивноста на ракот, тој може да се врати.

Culling вели: Агресивноста на мојот рак на простата значи дека има добри шанси да се врати, па затоа треба да се контролира.

Поздравувајќи го истражувањето, кое е финансирано од Cancer Research, Culling вели дека се надева дека оние на кои им е дијагностицирана оваа болест ќе имаат „уште подобри резултати“ во иднина.

– Знаејќи дека научниците работат во лаборатории и болници спроведувајќи истражувања и клинички испитувања, особено со лекови кои веќе се користат за други состојби, ми дава надеж и за мене и за идните генерации. Се надевам дека ваквото истражување значи уште подобри резултати за секој кој можеби ќе мора да помине низ дијагноза како мојата.

Научниците велат дека ќе треба да се спроведат поголеми клинички испитувања за да се потврди дали статините може да се даваат заедно со терапијата за лишување од андрогени за поширокиот третман на ракот на простата.

Професор Hing Leung од Beatson Институтот за истражување на ракот во Glasgow, кој го предводеше истражувањето, рече:

  • Нашата студија е прва од ваков вид што покажа дека статините имаат доказно влијание врз растот на ракот на простата кај пациентите. Сметаме дека статините би можеле да го спречат ракот на простата да создава андрогени од холестерол, со што ќе оневозможи ракот да се спротивстави на терапијата со лишување од андрогени.

Ракот на простата отпорен е на кастрација, а тоа е канцер кој е отпорен на хормонска терапија, во моментов е многу тешко да се лекува. Доколку понатамошните испитувања бидат успешни, наскоро би можеле да ги користиме овие веќе одобрени лекови за да им понудиме на пациентите подобри опции за третман.

Треба да ги тестираме статините кај поголема група пациенти во подолг период за целосно да ги разбереме придобивките и ризиците за пациентите. Сепак, овие податоци ни даваат надеж дека во иднина можеби ќе имаме некои полесно достапни методи за лекување на рак на простатата.