Подгответе се за Велигденски ручек | Организација, храна и декорација

603

Сите сакаме на овој голем празник сѐ да биде добро и убаво подготвено, па така и Велигденскиот ручек. Ви предлагаме интересни совети.

Не се оптеретувајте со совршенство, малите детали можат да направат чуда, особено ако го организирате целото семејство и почнете со подготовките, барем со декорациите, неколку дена порано.

Важно атмосферата да е добра, а најдобрите резултатите ќе ги постигнете во сите области ако сите членови на семејството се вклучени во подготовките. Така сите ќе бидат горди на дел од подготовките во кој допринеле, и подобро ќе се почувствува духот на празниците и близината меѓу членовите на домаќинството, што е најважно. Празниците се тука да нѐ поврзуваат.

Организација

Во зависност од тоа дали ќе имате гости или не, или колку гости доаѓаат, некои јадења можете да ги подготвите еден ден порано. Јајцата ќе бидат бојадисани, а еден ден пред Велигден можете да им се посветите на декорациите, како на оние во самата куќа, тако и на оние кои сте ги намениле да ја красат вашата велигденска маса. Не преземајте сѐ врз себе. Децата особено сакаат да ги изработуваат декорациите, а тука можете да го вклучите и сопругот.

И додека тие ги подготвуваат украсите можете да се фрлите на планирање на ручекот. Важно е материјалот да го подготвите порано – сметајте на гужвата и работното време на продавниците. Некои видови на храна кои најчесто се купуваат можат брзо да се распродадат – како јагнешкото месо.

Велигденското пазарење направете го најмалку 5 дена однапред. Купете сѐ што ви треба за бојадисување и украсување јајца, за декорација и храна. Со сите подготвени материјали сѐ оди побрзо.

Декорација

Најубави се оние кои самите сте ги изработиле, но некои неопходни детали би требало да бидат тука – зајчиња, пилиња, пролетни цвеќиња, мали кошници, чоколадни и украсни јајца, вештачка трева.

Децата сакаат да добиваат подароци, па ако имате внуци или мали гости подгответе за нив некои мали пакетчиња како што се овие – Зајаци полнети со бонбони.

Масата не треба да ја преоптоварувате со детали. Салфетките треба да бидат во знакот на Велигден (можете да направите да изгледаат како зајаци – Направете зајак од салфетка – велигденска декорација), на маса да има најмалку една корпа со јајца или во средината на масата по целата должина да ја распоредите вештачката трева и подредете ги јајцата едно до друго во растојание.

Наместо класична вазна со цвеќиња можете во вазната да ставите гранчиња на кои закачивте пластични декоративни или обоени јајца, кои сте ги ставиле во одело кое сами сте го изработиле. (Направете хеклан плашт за велигденски јајца).

На масата можете само да подредите и пролетните цвеќиња или цвеќе од овошни дрвја, гранки со издатоци околу кој сте ги подредиле неколку жолти украсни пилиња.

Храна

Печеното месо и тортата (или колач) направете ги еден ден порано и некои комплицирани јадења како на мир да уживате во појадокот со семејството.
Не претерувајте наутро со храна, затоа што, сигурни сме, ручекот ќе биде исклучителен. Изнесете храна на масата во знак на пролетта – свежо сирење, млад кромид, ротквици, свежа салата , велигденски јајца, но може и малку шунка.

По појадокот поставете чорба или супа (по можност говедска), печено месо (кое сте го подготвиле вчера) допечете го со зеленчук по ваш избор, направете салата со многу пролетен зеленчук, а ако тоа не сте го завршиле вчера, декорирајте ја тортата.

За ручек можете, да речеме, да направите печено јагнешко, јагнешка чорба и јагнешки сармички. За појадок, направете салата од варени јајца, насечкани, со малку мајонез и павлака, ротвички и млад кромид.

Да не заборавите да се кршите со јајца!

Честит Велигден!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.