Здрави навики како дел од секојдневието

251

Погледнете кои здрави навики треба да станат ваш приоритет во 2016-та година.

1. Почнете да вежбате

Тргнете во теретана, на фитнес, или пак барем започнете да пешачите секојдневно, бидејќи тоа е доволно за почеток. Без разлика за какви вежби станува збор, тие се корисни, бидејќи се секојдневни и подобри од тоталната пасивност. Доколку сте предолго време пасивни, започнете со кратко пешачење или трчање, па од месец на месец забрзувајте го интензитетот на физичките вежби што ги правите.

2. Пијте смуди од зелен зеленчук

За вашиот оброк да биде поздрав, повкусен и поефикасен, додајте во него зелен зеленчук. Тоа може да биде спанаќ или кељ, кој ќе го додадете во вашата салата. Исто така правете и смуди кое би требало да стане неизоставен дел од вашата исхрана. Со оглед на тоа дека зелениот зеленчук е богат со железо и витамин А, освен во слабеењето, ќе ви помогне и во унапредување на вашето здравје.

3. Редовно одете на здравствени прегледи

Еден важен приоритет во 2016-та година, кога станува збор за вашето здравје, мора да биде редовното одење на здравствени прегледи. Едноставно, не смеете да си дозволите да бидете неодговорни и да го имате „луксузот“ да не одите на редовни прегледи. Без разлика дали имате здравствени тегоби или не, секогаш нека ве води оваа народна поговорка: „Подобро да се спречи отколку да се лечи“.

4. Јадете помалку, но почесто

Обидете се оваа година да се храните правилно. Тоа значи дека би требало да имате 5 оброци дневно, кои ќе бидат помали. Со други зборови, треба да се храните помалку, но почесто. Така ќе можете на најдобар можен начин да го регулирате својот метаболизам, својата исхрана, а со самото тоа и својата тежина. Исто така, настојувајте секогаш да јадете во исто време, бидејќи тоа е уште еден одличен начин за регулирање на исхраната и здравјето.