Децата, кои се големи емотивци чето пати се затворени во својот личен свет, повлечени се, молчаливи и повеќе се наљудувачи, отколку активни учесници. Како да им помогнеме?
Возрасните личности понекогаш свесно избираат да бидат изолирани. Многу мајки велат дека сакаат да побегнат од се, да се одморат, да се изолираат од секојдневните стресови, обврски, проблеми.
Меѓутоа осаменоста на детето не е негов избор. Таа особина значи дека тоа сака и има потреба да се дружи со врсниците, но не успева таквите односи и да ги оствари.
Педгогот Јелена Холцер советува како треба да се воспитуваат осамените деца.
Бидете добар соговорник
Додека вашето дете не пронајде најдобри пријатели меѓу своите врсници, потрудете се да бидете добар соговорник. Мошне е важно детето да има некого со кого ќе може да ги подели своите размислувања, тајни, секојдневни случувања. Со соодветна комуникација, продлабочувајте го вашиот меѓусебен однос, истовремено ублажувајќи го чувството на осаменост кај децата.
Помогнете му на детето да пронајде пријатели
Децата од денешната генерација всушност не умеат да се дружат. Најчесто седат дома, гледаат во компјутер и се дружат преку социјалните мрежи. Вие како родител, можете да имате разбирање за таквото однесување, но не морате да го прифатите целосно. Опкружете ги своите деца со вашите пријатели, роднини, соседи на слична возраст. Покажете му со личен пример како се негуваат пријателствата и колку се важни.
Мотивирајте го да пронајде соодветно хоби
Понудете му на детето содржини во кои од него се бара интеракција. Имено доколку своето слободно време го поминува во гледање телевизија или слушање музика на ајпод вам ќе ви биде полесно, бидејќи ви е „пред очи“, но не заборавајте дека при тоа детето со мислите може да биде каде било. Мотивирајте го да пронајде хоби, по можност такво во кое се вклучени и други деца.
Сторете и Вие нешто убаво за вас – Cashback
Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg
Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување



















