Честитки! Луѓето кои зборуваат сами со себе не се луди – тие се всушност генијалци!

16085

Веројатно ви се случило нешто да барате и гласно се прашувате “кај ли го oставив” или додека јадете “нешто ми недостасува; ми треба уште малку сол”. Ако е така, имаме добри вести: Вие сте гениј!

Размислувањето на глас ви помага да ги материјализирате сопствените мисли и ве прави поефикасен, пишува Elite Daily.

За жал, во исто време, ве прикажува како лудак. Кога зборувате сами со себе, повеќето луѓе, најверојатно, ќе помислат дека зборувате со гласовите во својата глава. Но, факт е дека зборувањето сам со себе е нормална појава која дури ве карактеризира како интелигентен човек. Најпаметните луѓе зборувале сами со себе: филозофијата и поезијата всушност се нечии мисли напишани на хартија.

Дури и Алберт Ајнштајн полека и на глас си повторувал реченици, пишува Einstein.org. Значи, не само што не сте луди, вие ссте гениј.

1. Разговарање сам со себе го прави мозокот поефикасен

Во студијата објавена во Quarterly Journal of Experimental Psychology психолозите Daniel Swigley и Gary Lupyan докажале дека зборувањето сам со себе е корисно. Во еден експеримент на испитаниците им покажале слики од 20 видови храна и по една од нив ги испратиле во продавница. Се покажало дека учесниците полесно пронаоѓале зададена намирница кога на глас го изрекувале нејзиното име.

Изговарањето на глас ја евоцира вашата меморија.

2. Разговарање на глас сам со себе помага само кога знаете што барате

Кога барате нешто, изговарањето име на таа ствар на глас ќе ви помогне, само ако таа ствар ви е позната.

“Зборувањето сам со себе не секогаш помага – ако не знаете како предметот изгледа, изговарањето на неговото име нема да има ефект, а би можело и да ве забави”, објасни Lupyan.

Со други зборови, кога знаете што ви треба и го вербализирате името на тој предмет, полесно ќе го визуелизирате, но кога не знаете како изгледа, тоа нема да има смисла.

3. Децата учат зборувајќи самите со себе

Продолжува на страна 2