Луѓето мора да размислуваат поинаку и невообичаено за да направат нешто ново, а еве што лудите луѓе ги прави толку успешни.
Сигурно веќе сте слушнале дека за успех мора да бидете помалку луди и сигурно тогаш, како што тоа и сега го правите, сте превртеле со очите, но тоа навистина е така. Лудоста и успехот се синоними.
Како доказ за таа теза, да се вратиме малку во минатото. Во текот на историјата сите лица кои откриле и направиле нешто ново, во еден момент нели биле наречени луди?
Било да се работи за љубов, кариера, уметност, врски, активизам или поезија, лудаците ги поместија границите и тоа ги направило славни и успешни.
Луѓето мора да размислуваат поинаку и невообичаено за да можат да направат нешто ново, а еве што лудите луѓе ги прави толку успешни.
1. Лудакот не е загрижен што мислат за него другите луѓе
Лудите луѓе одамна го сфатиле она што некои од нас никако не можат да го запамтат: што поскоро ќе престанете да мислите што другите мислат за вас, толку побрзо ќе напредувате и ќе бидете среќни.
Кога не ве гушат очекувањата на масите по прашањето што е нормално, станувате се послободни и покреативни.
2. Лудите луѓе не размислуваат конвенционално
Многу луѓе размислуваат на начин кој им го задава општеството. Меѓутоа, некои луѓе не размислуваат така, туку имаат широки видици и не се загрижени за тоа што е нормално и општоприфатливо. Тоа се луди луѓе.
3. Лудите луѓе не се запознати со правилата, или едноставно не се грижат за нив
Правилата ги создале луѓе кои немаат фантазија за да ги контролираат брилијантните, креативни умови. Како можете да уживате во спонтаноста на нова љубов ако цело време се кочите со времето, протоколите, а тоа не одговара ни на вас ни на вашиот партнер? Како можете да создавате кога цело време следите туѓи упатства и се плашите да размислувате над она што веќе постои?
Продолжува на страна 2



















