Египјаните правеле операции пред 3000 години

1234

Научниците открија ортопедска шајка во ногата на египетска мумија стара повеќе од 3.000 години, објави ”Дејли експрес“.

Откритието покажува дека древните Египјани можеле да прават хируршки операции. Тоа е отркиено случајно за време на ДНК тест на мумијата на маж од 11 в. п.н.е.

Шајката е со должина 23 см и е ставена во коленото. Фиксирана е на местото со органска смола, слична на современиот коскен цемент. Лекарите кои учествувале во истражувањето биле толку збунети што ја пробиле коската, за да може да го погледнат местото со артроскопска камера.

Специјалистите се изненадени не само од староста на шајките, но и од нивниот дизајн кој одговара на најдобрите современи достигнувања за стабилизирање на коската.

Истражувањето е направено од страна на тим на Универзитетот Бригам Јанг.